Еве како Ѓоко Јовиќ го минува времето со својот најмал наследник – сопругата кришум го снимаше (фото)
Пејачот блеска од среќа кога е со семејството
Пејачот Ѓоко Јовиќ и неговата сопруга Ивана уживаат во секој заеднички момент што ќе го поминат со нивното семејство.
Тие оваа година ќе го прослават третиот роденден на нивниот најмал син Дарин, а покрај него имаат уште три деца.
Нивно прво дете е ќерката Теодора која порасна во вистинска убавица, а ги имаат и синовите Михаил и Јоан.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Познатиот пар не крие колку радости им внесуваат децата во нивните животи, а сега пејачот на својот профил на Инстаграм сподели неколку емотивни фотографии и покажа како ужива со нив.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Имено, сопругата го забележа моментот во кој Ѓоко си игра со својот најмал син, а фотографијата веднаш ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Покрај оваа фотографија, Ѓоко објави и неколку на кои се сите заедно, па за истите доби дузина позитивни коментари.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Потсетуваме, Ѓоко Јовиќ пред само неколку дена го објави и спотот за својата нова песна „Незаборавна“ со која ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Нов летен хит
И оваа песна на Јовиќ е направена со Лазар и Магдалена Цветковски кои се потпишуваат и на неговиот претходен албум.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Станува збор за албумот „Корени“ кој беше промовиран во 2018 година, а пејачот сега го најави и својот нов албум.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Како што самиот пејач откри, неколку песни од овој албум се веќе готови и следната песна ќе пристигне наредниот месец.
Фото: Инстаграм/ Ѓоко Јовиќ
Што се однесува до спотот за „Незборавна“, истиот е работен во Австралија од каде Ѓоко неодамна се врати заедно со „Енерџи бенд“.
Како изгледаше Ѓоко и во ова издание, погледнете во продолжение….