Еве како Шенки Версаче ги заработи своите милиони – ова е тајната на Албанецот од Македонија за кој зборува целиот Балкан
Албанецот од Арачиново кој со својата опсесија со модната куќа „Версаче“ стана познат на целиот Балкан не крие како ги заработува своите пари.
Многумина се прашуваат од каде му се парите на Шенки Маслани, попознат како Шенки Версаче, да потроши милион евра на својата куќа и базен кои целосно се украсени со логото на познатиот италијански бренд (од шолјата во тоалетот, до плочките во базенот!).
„Мојот накит, козметика, постелнина, теписи, пердиња, садови… Апсолутно не постои ништо во мојот дом што не е брендирано“, изјави во една пригода Шенки кој и своето кафуле го направи целосно во знакот на Версаче.
Тој исто така истакна дека сите производи што ги има се оригинални и дека истите ги набавува од Италија.
Секако дека за такво нешто ви се потребни многу пари, а Шенки од Арачиново објаснува дека парите ги заработил со трговија на скапи автомобили.
Тој во својот возен парк има три БМВ автомобили, а има и едно старо Ауди кое исто така е украсено во препознатливиот стил со кој е опседнат.