Еве како Цеца им одржа лекција на колешките – горе БЕЗОБРАЗНО и проѕирно, долу шлиц до папокот
Пејачката покажа како во исто време да изгледате отмено и елегантно, но и максимално провокативно
Повторно ги „одува“ сите кога се појави во ова издание…
Популарната фолк-пејачка, Светлана Цеца Ражнатовиќ, не престанува да ги изненадува сите со своите модни комбинации.
Пејачката овој пат на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ се појави во панталони и горен дел кој го „украде“ шоуто.
Имено, Цеца за оваа пригода избра елегантни црни панталони, но блузата од мрежест материјал никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Таа речиси целосно беше проѕирна така што се гледаше на пејачката градникот и се гледаше и речиси ништо не остави на фантазијата.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Цеца целото издание го зачини со една од своите гламурозни чанти од богатата колекција што ја има во своите плакари.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Потсетуваме, Цеца и пред само неколку дена ги воодушеви сите, само што тогаш во прашање беше тоалета.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Имено, таа неодамна одржа уште еден настап за паметење во Белград, но покрај одличната атмосфера, ги изненади сите и со својот изглед.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Цеца за оваа пригода избра „макси“ фустан во црвена боја, но со толку длабок шлиц што никого не остави рамнодушен.
Отворот на шлицот досегаше до колковите така што во преден план беа нејзините нозе на кои носеше високи потпетици.
Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фустанот беше со крој на корсет во горниот дел, со долги ракави, но со голи раменици и длабоко деколте, така што популарната фолк-пејачка на сцената блескаше гледано од секој агол.
Па, кое од овие две изданија на Цеца ви се допаѓа повеќе?