Еве како Цаци од Сител ужива со својата мајка и ќерка – погледнете ги овие три грации, крвта не е вода
Цаци од Сител ја знаеме сите, а ова е нејзината мајка
И мајката на Славица Арсова е позната водителка
Малкумина знаат дека и мајката на Славица Арсова е позната водителка која со години ја гледаме на нашите екрани.
Славица која е во брак со својот колега Александар Спасовски и која важи за една од најпознатите новинарки во Македонија, е ќерка на Розета Арсова, новинарката која сите ја знаеме од МТВ.
Славица која во јавноста е позната и како Цаци, како што нагалено ја нарекуваат колегите и пријателите, на социјалните мрежи одвреме-навреме знае да сподели фотографија од својата мајка.
Фото: Принтскрин/ Сител
Впрочем тоа го направи и сега, покажувајќи како ужива со неа на едно нивно заедничко патување.
Фото: Фејсбук/ Славица Арсова
Таа објави фотографија од нејзината мајка и ќерка од Милано, од една од најпознатите локации на ова место.
Фото: Фејсбук/ Славица Арсова
Следуваа бројни коментари од нејзините пријатели, колеги и фанови и сите се согласни дека изгледаат прекрасно.
„Прекрасни три дами“, „Преубава фамилија“, „Три грации“, „Блескате“, беа само некои од коментарите што Цаци ги доби.
Фото: Фејсбук/ Славица Арсова
Инаку мајката на Славица, Розета Арсона (моминско презиме Рајчиќ) долги години работи во МРТ, уште од времето кога беше ТВ Скопје.
Фото: Принтскрин/ Сител
Од една стара фотографија што Цаци во една пригода ја објави на Инстаграм, од весникот Котелец, на која нејзината мајка е млада, можеме да видиме колку познатите водителки личат една на друга.
Фото: Фејсбук/ Славица Арсова
Цаци очигледно имала од кого да учи во животот, а колку нејзината мајка е горда на неа, можеме да видиме и од тоа што и Розета редовно на социјалните мрежи споделува информации поврзани со нејзината ќерка.
Покрај Славица, Розета ја има и ќерката Бисера, а од нивните објави можеме да видиме дека сите се мошне блиски.
Фото: Принтскрин/ Сител
И двете својот атрактивен изглед го наследила од нивната позната мама, но го собрале и најубавото од нивниот татко.
А како Цаци си помина со мама и со својата наследничка во Милано, погледнете во продолжение…