Реклама
Наши ѕвезди

Еве како убавата Турчинка се справува со тешката болест, но и како РОМАНТИЧНАТА љубов и бракот и го спасија животот

Реклама

Цела Турција ја обожава, а таа е вљубена до уши во овој човек

Турската актерка Неслихан Атагул Догулу заради проблемите со здравјето мораше да го напушти снимањето на серијата „Ќерката на амбасадорот“.

Маркетинг

Неслихан полека закрепнува од болеста (синдром на пропустливи црева, заради кои во крвотокот и влегуваат штетни материи како бактерии и токсини), а нејзиниот сопруг Кадир Догулу и е најголема поддршка.

Утрото го започнува со еспресо, а потоа појадува, за да потоа си свари турско кафе без кое како што вели, не може.

Маркетинг

Неслихан во Турција важи за една од најталентираните и најбараните актерки, па и покрај тоа што се уште е млада и има само 28 години, досега се има појавено во голем број серии во кои оствари генијални улоги.

Нејзината љубов кон актерството се родила кога имала само осум години, а на 13 ќе ја добие и својата прва улога. Таа тогаш заради својот вонсериски талент ќе ја добие и својата прва престижна награда, а како што вели самата, за големиот успех најзаслужни се нејзините родители.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул Догулу

Во мојот живот никогаш немало амбиции. Имав само една цел – да ја направам својата мајка горда. Фантазирам за нешто и се обидува, тоа да го остварам. Кога ја работа својата работа на најдобар можен начин се чувствувам добро. Потекнувам од мало, сиромашно семејство. Мојот татко беше професионален шофер, а мама домаќинка. Имам брат кој од мене е постар седум години. Иако на првата аудиција се пријавив без знаење на родителите, токму тие одиграа најголемата улога во мојата кариера. За мојата самодоверба заслужно е моето семејство, но тоа не наи дека сум незрела или претенциозно самоуверена – изјави познатата актерка во една пригода.

Таа секоја своја улога најпрво добро ќе ја разгледа и дури пот0а ќе одлучи дали ќе ја прифати, а тоа правило важи и денес. Што се однесува до нејзината љубов, таа за својот сопруг вели дека е нејзиното најголемо богатство, среќа, мир и потпора.

Тоа можеби не беше љубов на прв поглед, но нејзиниот сопруг за неа е маж каков секоја жена би посакала да има покрај себе.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул Догулу

„Кога се запознавме, се фокусирав на нешто друго, тогаш бев во период кога не сакав никого да видам. Мислев дека ништо не почувствував, но погрешив. Одамна сум вљубена во Кадир. Секако, тоа го признав дури по временска дистанца, неговата сочувствителност, интелект, свест.“

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул Догулу

„Прекрасно е да познавате некого и да можете да го прочитате. Како јас него, така и тој мене“.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул Догулу

Тие ќе се заколнат на вечна љубов во 2016, а за нивната венчавка и ден денес се зборува.

Церемонијата се одржа на Босфорот, каде присуствуваа околу 200 гости, а започна со собирање на гостите во попладневните часови на коктел пред хотелот, а вечерната забава беше одржана на терасата. И додека траеше размената на прстените, Кадир не можеше да престане да го бакнува прстенот што го стави на својата сакана.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул Догулу

„Во бракот ни е прекрасно, се е некако поубаво. Кадир и јас навистина уживаме заедно. Многу добро се разбираме меѓусебно во секоја смисла“.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул Догулу

„Нема потреба за вложување дополнителен напор. Се разбираме со една реченица. Сега можеме и почесто да се гледаме, и тоа уште повеќе не мотивира. Имаме многу квалитетен дијалог. Можеме да разговараме на една фреквенција, а тоа најверојатно не опушта. Сродни души се луѓето кои на лицето пред себе можат да му кажат: ‘Имаш недостаток’, а тој на тоа ќе реагира позитивно“.

„Често знае да ме изненади со убав гест, а понекогаш и да ми посвети и по некој романтичен, љубовен стих. Тоа навистина е убаво“, изјави актерката, а и нејзиниот сопруг често со еднакви емоции зборува за неа.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул Догулу

Шармантната актерка во една пригода откри и дека сака со сопругот да кампува и да престојуваат во природа.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул Догулу

Секогаш со себе носиме голема вреќа за ѓубре бидејќи насекаде наоѓаме ненормални количества отпад.

Инаку, во мојот живот постојано е некое брзање, живеам како постојано некаде да доцнам, а во камп-приколката живееме без брзање, онака како што ни се случува животот. Со човекот што го сакам, со напите кучиња и со куќичката на грбот живееме баш како што сакаме, изјави таа.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул Догулу

Таа во последно време повеќе му е посветена на спортот и активности што ја опуштаат, заради здравствената состојба. Пред неколку месеци започнала да практикува јога, а би сакала и да ја научи нејзината филозофија. Таа исто така слика, откако претходно шест месеци посетувала курс по сликарство. Покрај тоа таа пишува и текстови, есеи, афоризми, а има и неколку и неколку раскази кои се надева дека еден ден ќе може да им ги прочита на своите фанови.

Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул Догулу
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул Догулу
Фото: Инстаграм/ Неслихан Атагул Догулу

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button