Реклама
Наши ѕвезди

Еве како убавата сопруга на Слаткар ужива со својот наследник – ќе се изненадите колку пораснал малиот Моша Маринковиќ

Реклама

Иако ова врнежливо време на многумина не им се допаѓа, за Сања Николиќ е извонредно за прошетка и уживање во убавините на природата.

Некогашната Мисица Сања Николиќ и нејзиниот сопруг, хип-хоп изведувачот Марко Маринковиќ или во јавноста познат како Слаткаристика од самиот почетокот на својата врска се многу интригантни за македонската јавност, која сака да знае сѐ за нивниот приватен живот, кој тие го кријат како змија нозете. Својата четиригодишна врска ја крунисаа со брак во 2014 година, а за нивната свадба се зборуваше долго после тоа.

Свадбената церемонија се случи во еден скопски ресторан, во кој присуствуваа многу нивни пријатели и блиски луѓе. Делови од свадбата беа искористени и за видео записот на Слаткаристика за песната „Кажи да”, преку кој може да се забележи дека сите присутни лудо се забавувале.

Маркетинг
Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

Сања и Слаткар не се многу активни на социјалните мрежи и ретко споделуваат фотографии од приватноста.

Сепак, понекогаш знаат да изненадат со по некоја романтична објава која ќе посветат еден на друг.

Маркетинг
Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

Тие долго време ја криеја бременоста на Сања, но кога веќе таа беше во поодмината бременост, Слаткар ја соопшти прекрасната вест.

„Ќе бидам татко.

2020 ќе биде мојата најсреќна година.

Ви ги посакувам моите убавини.

Среќна Нова Година“, напиша Слатка во опис на фотографијата на која Сања позираше во елегантно издание, а во преден план е нејзиното трудничко стомаче.

Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

На 15 април 2020 година го добија најубаавиот подарок – својот наследник, кој го крстија Моша. Гордиот татко убавата вест ја сподели на социјалните мрежи.

„Се роди Моша Маринковиќ. Голем да му расте“, напиша на „Фејсбук“.

Фото: Фејсбук / Марко Маринковиќ

После година од своето породување и Сања одлучи да сподели фотографија од бременоста, во чиј опис напиша низ што сѐ поминале во тој период.

„Ова сме ние. Април, 2020 година.

Од кај ли да знаевме што ќе доживееме?!

Џабе кажувавте”, напиша таа.

Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

Она што е интересно е тоа дека никогаш досега тие не го покажале лицето на Моша, па публиката немала можност да види како тој изгледа.

Но, деновиве таа изненади со видео на Инстаграм, на кое се гледа лицето на Моша, но сепак од далечина.

Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

Мајката и синот уживаа за време на дождот во Градскиот парк, каде очигледно биле единствени посетители.

Дождот воопшто не му пречеше на Моша да ужива во детската игра, па дури и да се шлапка во вирчињата.

Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

Фото: Инстаграм / Сања Николиќ

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button