Еве како Трајче и Кате уживаат со нивната принцезичка – пејачката во костим за капење, сопругот ја снима
Летните лудории на Трајче и Кате од „Соната“
Еве како изгледа наследничката на Кате и Трајче од „Соната“
Пејачката Кате Брезева со својот сопруг Траjче Бондиков ja има ќерката Ана која што ја покажа на социјалните мрежи.
Нивната наследничка ова лето наполни пет години, а од заедничките фотки може да видиме дека се неразделни.
Кате и Трајче кои заедно настапуваат со нивната група „Соната“ уживаат во секој слободен момент кога се со малата Ана, а гордата мама деновиве покажа како се забавуваат и уживаат во убавото сончево време.
Инстаграм/ Катерина Брезева
Од овие објави може да видиме и каков костим за капење носи познатата мама, но и како таа изгледа во едно вакво издание.
Инстаграм/ Катерина Брезева
Повеќе од очигледно е дека нејзината ќеркичка ужива кога е со мама и тато на летување, но и нејзините родители со неа.
Инстаграм/ Катерина Брезева
Впрочем за тоа зборуваат и нивните весели лица, а овие призори што и двајцата ги споделуваат им ги стопија срцата на многумина.
Инстаграм/ Катерина Брезева
Потсетуваме, Кате и Трајче беа 18 години во врска пред да го изговорат нивното судбоносно „ДА“, а набргу по венчавката се роди Ана.
Инстаграм/ Катерина Брезева
Тие со нивната група Соната со години им ги разубавувале свадбените веселби на многу парови, а и ова лето работат турбо.
Речиси да нема викенд, а да не настапуваат некаде, па затоа и секој слободен момент го користат да уживаа со нивната ќерка.
Инстаграм/ Катерина Брезева
А како мама изгледа и кога настапува, погледнете во продолжение…