Еве како течеа подготовките за свадбата на Татјана Стојановска: Македонската Моника Белучи блескаше покрај својот сакан!
Татјана му кажа Да на својот Михаил...
Македонската водителка и тв- презентерка Татјана Стојановска пред извесно време го кажа судбоносното “ДА” на својот избраник, бизнис консултантот Михаил Китановски.
Иако Татјана се обидува својот приватен живот да го сокрие од очите на јавноста, не е тајна дека ужива во љубовта, а со нејзиниот партнер веќе со години важат за еден од најскладните и најсреќните парови меѓу јавните личности во нашата земја.
Македонската Моника Белучи, се омажи на истиот датум на кој пред 10 години саканиот ја побара за жена.
Пред точно 10 години, на 10 јуни 2013 година, Михаил ме побара за жена на нашиот прв одмор во Грција, и тогаш по неколку месеци од запросувањето, почнавме да живееме заедно. И точно на 10-годишнината од запросувањето, вчера стапивме и официјално во брак, изјави Татјана за Слободен печат.
Иако сакаше и венчавката да помине во тајност, сепак новинарите успеаа да дојдат до детали од свадбата.
Но познатиот македонски мејкап артист Александар-Дадар сподели и видео и покажа како течеа подготовките за свадбата.
Инаку Татјана претходно беше мажена со познатиот фолк-пејач Благоја Грујовски со кого го има синот Матеј.