Еве како Северина ги носи модните парчиња на кои можат да и завидуваат и холивудските дами
Северина Којиќ повторно во беспрекорно издание
Познатата хрватска пејачка минатиот викенд заедно со сопругот се појави на Филмскиот фестивал во Сараево во издание на кое можат да и завидуваат и најголемите светски трендсетерки. Имено, таа заедно со сопругот Игор кој изгледаше елегантно во темносиниот костум, блескаше во комбинација од три стејтмент парчиња кои модните познавачи веднаш би ги препознале.
https://www.instagram.com/p/BmY8aaAAXdj/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Имено, црно-белиот фустан од вискоза со карнери и бела впечатлива панделка е голем хит од престижната американска модна куќа „Proenza Schouler “, а прв пат беше претставен во 2016. Благодарение на големиот успех познатиот бренд одлучи повторно да го издаде „славниот фустан“ па во ова црно издание може да се најде низ продавниците (но со цена од која може да ви се заврти во главата!).
https://www.instagram.com/p/81pi1ViY6c/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Истиот фустан, само во бела варијанта, го носеше и познатата актерка Кејт Бланшет на еден настан во Лондон.
https://www.instagram.com/p/BmYpVPHgHAt/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Северина го комбинираше со една од најпосакуваните чанти на светот, овој пат во смарагдно зелена боја. Во прашање е чанта од модната куќа „Chloé “ во облик на месечина која е хит на Инстаграм, а целото издание го заокружи со црни тенки високи потпетици со потписот на генијалниот Џими Чу.