Еве како се преполови Анета Љумаковска – бајаги е ослабната, во ова се крие нејзината тајна
Многумина велат дека пејачката изгледа подобро од порано
Нашата фолк-ѕвезда во последно време изгледа сé подобро
Една од најголемите македонски фолк-ѕвезди, Анета Љумаковска, отсекогаш се грижела и водела сметка за својот изглед, но во последно време изгледа како да е решена секој детаљ да го донесе до совршенство и очигледно тоа успешно го прави.
Па така таа ги изненади и со нова фризура за која сите велат дека и стои одлично, а многумина забележуваат и дека поприлично ослабнала.
Имено, пејачката во последно време се почести знае да ги изненади фановите со интересните модни комбинации што ги носи, а повеќе од очигледно е дека Љумаковска ослабнала и се „затегнала“.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
И како што самата откри во една пригода за Гламур магазин, сето тоа е резултат на здравата исхрана, а не на некакви претерани диети.
„Цел живот испитувам, испробувам за да ја пронајдам правилната исхрана што мене ми одговара и конечно после толку години ја пронајдов. Мое мислење е дека секој човек треба сам да си биде нутриционист, бидејќи никој не ни го познава телото подобро од нас самите“, вели Анета.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа исто така откри и дека има луѓе кои се грижат за нејзиниот изглед, а кога е облеката во прашање за неа најважно е да изгледа убаво и пристојно, но и впечатливо и секси во исто време.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Што се однесува до нејзината нова фризура, главен виновник за новиот изглед на Анета е познатиот фризер од Прилеп, Алек Палада.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Тој е познат по своите соработки со естрадните личности од земјава и регионот, а на фотографиите што ги објави Алек на својот профил на социјалните мрежи покрај кратката и осветлена коса пејачката изгледа како и устата да и е зголемена.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Потсетуваме, Анета Љумаковска неодамна се најде во центарот на вниманието заради разводот од својот поранешен сопруг. Таа по разводот реши да ја продолжи својата соло кариера, а бендот „Молика“, со кој настапуваше со години наназад, во последно време често настапува со колешката на Анета, Сузана Гавазова.