Еве како се забавуваат Наум и Зуица кога се заедно – познатиот пар ретко го гледаме во вакво издание
Уживаат во секој момент што ќе го поминат заедно
Тие се скоро две децении заедно, а најголема среќа се нивните деца
Зуица Лазова и Наум Петрески важат за еден од најпознатите естрадни парови, а зад нив е повеќедецениска кариера.
Тие иако речиси цели две децении живеат заедно, под олтарот застанаа дури при крајот на 2022 година кога ги изненадија сите.
Имено, тие долго време не беа венчани во црква, па тоа решија да го направат тогаш, па по цели 16 години заеднички живот се заколнаа на вечна љубов и пред Господ , во црквата „Св. Наум“ во Охрид.
Фото: Фејсбук
Но и покрај тоа што нивната љубов трае веќе со години, нивната интима ја чуваат само за себе и ретко ги гледаме заедно во јавноста.
Но тие сега имаа посебна причина за тоа, а тоа беше манифестацијата „Златна бубамара“ на која се појавија како пар.
Принтскрин/ Јутјуб
Пејачката не одолеа овој момент да го овековечи и да покаже на Инстаграм како уживаат кога се еден покрај друг.
Тие и двајцата блескаат од среќа на фотографиите што ги објави Зуица, а како изгледаа, погледнете во продолжение…
Фото: Фејсбук
Потсетуваме, познатиот музички пар од овој брак ја имаат ќерката Македонка и синот Стефан, а Петрески од претходниот брак има уште две ќерки, Анастасија, која исто така се занимава со музика (види тука), и Сања која неодамна заплови во брачните води.
Фото: Фејсбук
Повеќе за ова прочитајте тука…