Еве како познатите изгледаа кога „рипаа во тавче“ – ова е Гавазова со младоженецот, но чекајте да ги видите и нашите пејачи
Девојките од мали сонуваат како ќе изгледаат како невести и го замислуваат нивниот најубав ден во животот.
И кога тој навистина ќе се случи, тоа претставува еден од најважните моменти кои никогаш не се забораваат.
Впрочем такви се сите свадби, а кога станува збор за свадбите на познатите личности, тие секогаш се проследени со гламур и луксуз.
Тоа впрочем можеме да го видиме и од нашите познати пејачки чии свадбени фотографии се уште кружат на интернетот.
Гавазова го изговори своето судбоносно „да“ со својот избраник Јасмин Курузовиќ на 8 август 2014 година.
Таа блескаше во раскошната венчаница, а на нивната свадба за која долго време се зборуваше пееше и кралот на музиката Шабан Шаулиќ. Тие денес имаат две ќерки на кои гордите родители им ги дадоа имињата Емили и Селена.
Елена и Гуте од Гранд
Елена Миленковска на почетокот од 2020 се омажи за својот колега од гранд, пејачот Александар Маринковиќ – Гуте.
Тие направија свадба во Србија, а потоа и во Скопје, а како изгледаше невестата погледнете во продолжение.
Каролина Гочева
Каролина Гочева и нејзиниот избраник, сликарот Михаил Корубин, се одржа на пистата на спортскиот аеродром Стенковец пред нивните роднини и пријатели, а меѓу гостите беа и бројни познати личности.
Ева Нединковска
Поранешната пејачка Ева Нединковска се омажи на 13 јануари 2016 со своето долгогодишно момче Јурак Петров, а по неколку месеци прв пат ги сподели свадбените фотографии на социјалните мрежи.
Во продолжение погледнете ги и останатите свадбени фотографии на пејачките, но и на познатите пејачи…
Софија Манева
Пејачката Софија Манева и Ангел Падиков, во 2016 во родното Кавадарци се заколнаа на вечна љубов.
Љупка Бубе Најдановска
Пејачка Љупка Бубе Најдановска која јавноста ја запозна преку музичкото шоу „М2 потрага по ѕвезда“ во 2019 година се омажи во Грција.
Свадбената прослава се одржа на преубавиот грчки остров Скијатос, покрај плажа, а пејачката беше облечена во бел фустан со цветни детали.
Калиопи Букле и Васил Зафирчев
Симона Поповска
Сани Гроздановска
Елене Ристеска
Татијана Стефановска
Мартин Вучиќ и Сања
Ламбе Алабаковски и Магдалена
Ѓоко Танески и Розе
Јован Јованов и Николина
Во продолжение погледнете како изгледале и најпознатите српски пејачки во своите венчаници.
Вики Миљковиќ
Цеца Ражнатовиќ
Брена и Боба
Драгана Мирковиќ
Јелена Карлеуша
Па, која од овие венчаници ви се допадна најмногу?