Еве како пејачката Дара Бубамара преку ноќ се преполови – рамен стомак и неверојатно тенко тело, без грам вишок и без целулит!
Пејачката Дара Бубамара на „стари“ години научи како да работи на компјутери.
Од нејзините последни фотографии што ги објави на Инстаграм можеме да видиме дека без грешка работи со програмите за обработување на фотографии, па така наместо вишок килограми и неправилности, што горе-долу ги имаме и сите ние, таа на своите фотографии изгледа светски.
Таа како на стари години да решила да помине курс за Фотошоп, па секојдневно се обидува своето знаење да го покаже на социјалните мрежи. На фотографиите пејачката изгледа како да има 50 килограми, рамен стомак, цврста и подигната „позадина“ и нозе без целулит. И додека позира во црвен, едноделен костими за капење на кој пишува името на песна од Бијонсе „Drunk in love“, Дара го собра стомакот и во преден план го истакна бујното деколте.
Но очигледно тоа не беше доволно, па се занесе во Фотошоп и го намали стомакот, ги издолжи нозете, лицето, рацете…
Сепак оние што ја познаваат велат дека во живо изгледа многу поразлично. Во тоа можевме да се увериме и неодамна кога испловија нефотошопирани фотографии од неа додека уживаше на плажа во Црна Гора, објавени од обожавател кој случајно се најде на лице место.
Тој за медиумите изјави дека Дара на плажата цело време го криела стомакот со фустанот, иако во исто време настанаа и нејзините фотографии со кои „буквално“ ги сруши социјалните мрежи. Погледнете за што станува збор…