Еве како нашите познати дами го носат овој тренд – Македонките знаат како да изгледаат шик
Кога носите животински принтови, треба да внимавате само на едно правило – да не претерувате.
Тренд што им е омилен на многу жени
Многу жени ги сакаат животинските дезени, но проблемот со овие комбинации е што многу лесно можете да згрешите со нив.
Имено, овие дезени се многу впечатливи, па доколку не ги ускладите со останатите парчиња може лесно да изгледате евтино.
Денес животинскиот принт може да го сретнете во различни варијанти, од речиси сите модни додатоци, па се до неодоливи фустани, сукњи, панталони, кошули и блуски со кои ќе изгледате ефектно.
Ивана Кнез
Па така доколку изберете панталони со вакво дезен, наједноставно решение е да комбинирате со бела маичка.
Анета Љумаковски
Можете да комбинираше и со сако во неутрална боја или потемна кожна јакна, но и да додадете ефектни детали како обувки во црвена нијанса, златни обетки или некој друг накит.
Аделина Тахири
На сличен начин комбинирајте ги и останатите парчиња, а доколку одлучите да носите високи потпетици со овој дезен, не заборавајте дека тие совршено ќе се вклопат со едноставни комбинации, додека дизајнерите ги препорачуваат и со комплети во иста боја или еднобојни фустани со класичен крој.
Андријана Петрушовска
Исто така не заборавајте и дека неодоливиот леопард принт ќе ги освежи неутралните нијанси и ќе ја направи секоја комбинација интересна, така што комбинациите кои се зачинети и само со по некој детаљ со шарата на овие гламурозни мачки во најмала рака изгледаат с*кси.
Сузана Гавазова
Toa впрочем го знаат и многу наши познати дами кои ги обожаваат овие дезени, па како некои од нив го носат овој тренд погледнете од фотографиите во продолжение…
Анета Љумаковски
Агнеса Органџиева
Сузана Гавазова
Елена Стефановска
Агнеса Органџиева