Еве како нашата Теа го „запали“ интернетот – си ги носи омилените патики, па дури и со костим за капење
Пејачката никогаш поубава, си блеска во секое издание

По бројните настапи што ги имаше во изминатиов период, нашата млада пејачка реши да си ги наполни батериите.
Теа Трајковска е една од нашите најдобри поп пејачки, а моментално е актуелна и со нејзината „Амајлија“, песна што ја направи со ДНК.
Но по напорниот период пејачката овие денови реши малку и да одмори, а воедно и да ги почести своите фанови.
Инстаграм/ Теа Трајковска
Имено, таа сподели неколку фотографии на кои позираше во костим за капење, а со овие фотки посебни ги израдува момчињата.
Инстаграм/ Теа Трајковска
Со својот „истенчен“ вкус за мода, оваа наша позната убавица знае секој пат да не изненади, па дури и во едно вакво издание.
Инстаграм/ Теа Трајковска
Таа позираше во розов костим за капење, со тренди патики и капче на главата, истакнувајќи ја својата сензуалност до максимум.
Инстаграм/ Теа Трајковска
Инаку, Теа е позната и како дама која често експериментира со својата коса, така што и сега си блескаше со својата необична нијанса.
Како што самата изјави во една пригода за Гламур магазин, откако знае за себе сака да експериментира со стилот, посебно со нејзината коса и најверојатно досега ги има пробано сите бои и должини.
Инстаграм/ Теа Трајковска
„Како вљубеник во модата, сум отворена за нови трендови, ги следам, ама не слепо затоа што мислам дека персонализирањето на одредено парче облека е многу поважно. Едно исто парче на пет луѓе различно ќе изгледа, изјави Теа во една пригода за Гламур.
Инстаграм/ Теа Трајковска
Теа тогаш го додаде и следново:
„Стилот ми варира од прекежуал денски до сценичен со драматични парчиња навечер доколку имам настап“.
Инстаграм/ Теа Трајковска
Во секојдневието сакам да се чувствувам удобно, додека за настапи сакам да изгледам впечатливо и уникатно“, откри тогаш специјално за Гламур магазин Теа Трајковска.
Целото интервју со Теа прочитајте го тука..