Еве како Наум Петрески и Зуица Лазова изгледале на нивната свадба – фотографијата е хит, посебно заради овој детаљ (фото)
Во домот на семејството на Наум Петрески овие денови беше весело, а главна причина е неговиот 55-ти роденден.
На социјалните мрежи многу колеги и пријатели јавно му го честитаа роденденот, а воопшто не се сомневаме дека најемотивната порака, но и најкреативното изненадување го доби токму од неговата сопруга Зуица.
Имено, таа објави фотографија од нивната свадба, на која пејачката е бремена, но и една со нивните две дечиња.
„По една петка на двете раце ти напиша ‘учителот живот’ оти си најумен. Нека ти се множат љубов, во здравје и среќа. Среќен роденден“, му порача сопругата со која Наум веќе долги години е во брак.
Наум и Зуица и покрај тоа што се едни од најпознатите фолк пејачи во Македонија, нивниот приватен живот се трудат да го сокријат од јавноста.
Секој ден поминат позитивно дали со фамилијата или друштвото ми е празник и роденден и секако дека знам да си го прославам секогаш, но овој пат со најблиските заради ова зло што надвиснало над нас, изјави Наум минатата година, кога заради рестриктивните мерки не можеше да го прослави роденденот во друштво со своите пријатели.
Наум е роден на 7 декември 1966 година во Охрид.
Како мал живеел во село Лабуништа, од каде што и потекнува неговото семејство. Денес со семејството живее во Скопје.
Покрај ќерката Македонка и синот Стефан што ги има со Зиуца, тој од првиот брак ги има ќерките Анастасија и Сања.
Од ќерката Анастасија Петрерска, која исто така е пејачка, ја има добиено и внукичката Андреа, а за новата животна улога гордиот дедо во една пригода ќе изјави:
„Не ме плаши тоа што сум дедо па дека ете сум стар, сум остарел. Убаво ми е да сум дедо, немам страв од старост“.
Повеќе фотографии од прославата, но и од приватниот живот на Наум, погледнете во продолжение…
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески
Фото: Фејсбук/ Наум Петрески