Еве како македонскиот пејач ја запроси жената што му го украде срцето – целиот Балкан зборуваше за ова
Неколку фотографии што најдобро ја опишуваат љубовта на македонскиот пејач и хрватската водителка
Македонскиот пејач Давид Темелков кој својата музичка кариера ја гради во Хрватска овој викенд застана на лудиот камен.
Тој се ожени со својата долгогодишна девојка, познатата хрватска манекенка и водителка Елена Јунг.
Свадбената церемонија се случи во Скопје, а фотографии од веселбата најпрво објави познатиот пејач на социјалните мрежи.
Потоа нови фотографии објави и Елена, која блескаше од среќа, а покажа како изгледа и бурмата што сега ја носи на раката.
Од нивните „Инстаграм приказни“ можевме да видиме дека откако го изговорија кажаа судбоносното „да“, младенците пуштија бели гулаби.
Невестата носеше широка венчаница со раскошен корсет во горниот дел, додека младоженецот – црн костум и машна.
За нивната свадба пишуваа и хрватските медиуми, а Индекс текстот го објави со наслов „Се ожени најзгодниот пејач во Хрватска“.
Потсетуваме, Давид ја запроси Елена во 2021 година на својот концерт во Нова Градишка. Водителката најпрво беше во шок и изненадена кога се случи тоа, но потоа го гушна својот сакан и му кажа „да“ пред публиката.
Парот се запозна во 2015 на концертот на Тони Цетински, и како што откри самиот во една пригода, се заљубил на прв поглед.
Тоа впрочем го вели и Елена:
„Веднаш ме привлече неговата насмевка, но и симпатичноста. Ми беше супер што на почетокот од врската не знаеше добро хрватски јазик па често се смеевме заради тоа. Ја сакам неговата скромност“, изјави убавата водителка за хрватскиот Стори, додавајќи дека се запознале сосем случајно, на забавата по концертот на Цетински, кога случајно се судриле во гужвата.
Невестата која сега го носи неговото презиме остава без здив каде и да се појави и важи за една од најубавите дами во Хрватска.
Таа една година по запознавањето со македонскиот пејач беше прогласена за прва придружничка на Мис на Хрватска.
Како изгледаше и моментот кога Давид ја запроси својата сакана, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Далибор Петко
Фото: Инстаграм/ Далибор Петко
Фото: Инстаграм/ Далибор Петко
Фото: Инстаграм/ Далибор Петко
Фото: Инстаграм/ Далибор Петко
Фото: Инстаграм/ Далибор Петко