Еве како Македонка ужива за сите пари на Малдивите – фотографиите се рај за очи, ќе се воодушевите
Вистински рај, како за очи така и за душа
Ужива за сите пари
Мултиталентираната Ивана Наскова замина на заслужен одмор и од таму објави серија фотографии и снимки.
Шармантната водителка и писателка, позната и по своите стендап настапи, активна е и на социјалните мрежи.
Таа сега на својот профил на Инстаграм сподели неколку објави со кои што ги воодушеви своите верни фанови.
Посебно со оние на кои позира во костими за капење, а во преден план е нејзиното занесно женско тело.
Како Ивана изгледа и во ова свое издание и како ужива во одморот од соништата, погледнете од фотките во продолжение…
Потсетуваме, Ивана во една пригода за Гламур магазин откри како се одржува во форма и кои се нејзините ритуали за убавина.
„Тајната е во тоа што немам нервози. Немам маж и деца, па не стареам и спијам колку што сакам“, изјави тогаш во свој стил таа.
„Шега на страна, благодарам за убавите зборови. Во принцип гледам да се хранам здраво, не сум љубител на месо и ретко го јадам, па зеленчук и овошје се нешто најзастапено на моето мени“.
„Пијам многу вода и редовно трчам што мислам дека е број 1 причина за да се чувствувате енергично, среќно и релаксирано“, додаде тогаш Ивана.
Целото интервју со Ивана прочитајте го тука….
Повеќе фотографии од Ивана погледнете тука >>