Еве како Карлеуша и Тошиќ изгледаа на самиот почеток од нивната РОМАНТИЧНА ВРСКА, пред да го кажат судбоносното „ДА“

Ова досега не сте го виделе

Многумина не се сеќаваат како започна љубовната приказна на пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ.
Пејачката Јелена Карлеуша отсекогаш привлекувала вниманието на медиумите. Таа со своите провокативни настани, но и детали од нејзиниот приватен живот со децении ги полни насловните страници.
Уште кога се појави на сцената многумина се интересираа со кого се забавува, а нејзините фанови беа изненадени кога во 2006 година ја започна врската со фудбалерот Душко Тошиќ. Тој во тоа време играше за францускиот „Сошо“ и беше нејзин голем фан, но и упорен да ја освои.

Како што призна самата Карлеуша во едно нејзино интервју, на фудбалерот му требало доста време за да ја освои.

Но кога тоа конечно се случи и кај двајцата се роди силна љубов, која до ден-денешен се уште гори.

Овие денови на социјалните мрежи се појави една фотографија од тоа време, кога Карлеуша и Тошиќ беа на почетокот од врската.
Многумина заборавија како познатиот пар изгледал тогаш, па следуваа бројни коментар на изненадените фанови.
Јелена и во тоа време важеше за една од најзгодните дами на Балканот, а Душко беше пресреќен што е покрај неа.
Пејачката блескаше облечена во бел тесен фустан, со Мерилин Монро фризура и деколте од милион долари.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
