Еве како К–15 му даваат гол на Ковачевски – мрднато политичко видео се шири како „вирус“ на Фејсук
И во Македонија ништо ново
Не ова не е црн хумор, ова за жал е дел од нашето секојдневие
Политиката е дел од нашето секојдневие, а политичарите колку ние и да се трудиме да ги игнорираме, тие сепак се нашите најголеми ѕвезди, од кои повеќето се прославиле во негативни ролји.
И тоа не е никогаш поизразено отколку сега, во време на избори, кога и едните и другите, па и третите се бескрупулозни во својата борба за опстанок – да останат или да се дограбаат до фотелја.
Принтскрин/ Фејсбук
Социјалните мрежи се преполни со (луди) политички реклами, некои бесмислени, некои повеќе, но една од нив навистина заслужува внимание, односно една пародија на пародијата.
Да, ова не е политички маркетинг, туку политички сеир, а во главна улога овој пат е еден многу познат лик од нашиот политички живот.
И двајца цареви, кои исто така ги знаете сите, но кои уште сега ги прогласуваме за победници на овие избори.
Погодувате за кого станува збор, нели?
А еве и за оние што сакаат да го видат оригиналот на овој „филм“, со вистинските глумци во нашите животи…
Во продолжение и неколку коментари што кажуваат за расположението на публиката за овие наши „чудни“ натпревари…