Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледаше Александра Пријовиќ пред да стане славна и под кое име се претставуваше на самиот почеток од кариерата

Реклама

Не постои некој на Балканот што не знае која е Александра Пријовиќ

Александра за кратко време стана една од омилените пејачки во регионот, а деновиве е во центарот на вниманието и затоа што е обелоденето дека заедно со својот сопруг Филип очекуваат принова. Парот се венчаше во јуни, а Александра оваа вест не успеа да ја сокрие од медиумите кои ја објавија повикувајќи се на извори блиски до семејството.

Маркетинг

Оние што ја познаваат велат дека таа се уште е истата онаа скромна девојка од почетокот на нејзината кариера, и дека големата популарност што и се случува во моментов воопшто не ја променила.

Маркетинг

Таа кариерата ја започна на 13 годишна возраст, кога пред публиката беше претставена како Eни. Ги снимаше песните „Мајко“ и „Боли секој твој збор“ (наш.превод) а вистинска популарност доживеа дури по учеството во шоуто „Ѕвездите на Гранд“. По завршувањето на популарното шоу ја снимаше песната „За нас е касно“ која веднаш стана голем хит во целиот регион, а откако се дозна дека е во врска со Филип, синот на Лепа Брена, медиумите не престануваат да пишуваат за неа и постојано е во центарот на вниманието.

https://www.youtube.com/watch?v=b986pHo3iss

 

Парот сега чека принова, па сигурни сме дека и сите детали за нејзината бременост ќе бидат во фокусот на медиумите и јавноста, а од видеото и фотографијата погледнете и како таа изгледаше на почетокот од својата кариера.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button