Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледала Хурем Султан

Реклама

На 15 април 1558 почина Хурем Султана, омилената сопруга на големиот османлиски султан Сулејман I и неговата венчана сопруга која засекогаш е овековечена во бројни уметнички дела, како и во популарната турска серија „Сулејман Величествениот”.

Хурем Султан му беше омилена жена на отоманскиот султан Сулејман I и неговата венчана сопруга.

Маркетинг

Таа е мајка на шест деца – султанот Селим II, наследникот на Сулејман I, Михримах Султана како и на принцовите Мехмет, Абдула, Бајазит и Џинхагир.

Таа се смета за најмоќна жена на Османлиската Империја и еден од најмоќните во историјата на човештвото. Имаше големо влијание врз политиката на Отоманската империја и одигра водечка улога во државните работи.

Маркетинг

На малите екран засекогаш беше овековечена од две турски актерки – црвенокосата Мерјем Узерли и Вахиде Перчин, а еве како изгледала и што велат за неа историските извори.

Нејзиното вистинско име сосема не е познато, а се претпоставува дека се викала Анастасија или Александра. По потекло била од Полското кралство, од територијата на денешна Украина.

Како и многу од нејзини сонароднички, за кои во Цариград (Истанбул) била голема побарувачка, Рoкселана е или украдена или продадена како роб од родителите што во тоа време не било ретка појава во Русија и одведена како бело робје во Отоманската империја.

Ибрахим-паша од благодарност на својот султан Сулејман I му ја подарил младата Рокселана.

Хурем потоа се најде во харем во кој имаше околу 300 робинки, но му се допаднала на султанот Сулејман. И откако му стана придружба, тоа остана до крајот на животот!

И како изгледала таа?

Рокселана имаше огнена црвена коса. Опишана е како нежна, витка, убава и шармантна. Покрај тоа, била и многу интелигентна, весела и насмеана, и секогаш се шегувала со гостите.

Нејзината харизма ги привлекувала сите во харемот, поради што набргу го добила името Хурем што значи насмеана. Сулејман Величествениот сигурно го завела со својата интелигенција, својот дух, но и својата страсна природа. Нејзиниот лик ги инспирирал уметниците со векови. Нејзината карактеристична црвена коса со нагласени облини кои ја будат имагинацијата – тоа биле главните карактеристики со кои е прикажана на бројните уметнички дела, бакарни и на платно, од средниот век.

За ваквиот опис заслужен е извесниот Мелкор Лорикс кој околу пет години поминал во Истанбул со хазбуршкиот пратеник. Во своите описи тој ја опишува Рокселана токму онака како што потоа уметниците ја сликале, а книжевниците ја преставувале во своите дела, вклучувајќи го и Шекспир.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button