Еве како изгледала нашата позната водителка како девојче – ФОТОГРАФИЈАТА Е ХИТ, погледнете колку се променила
Македонската водителка нaправи голема промена нa изгледот и ги воодушеви своите фанови.
Јелена Богојевиќ ја знаеме уште од многу мала, како дел од актерската екипа на популарната детска серија Наше маало, каде ја глумеше Матеа, полустетрата на Дарко.
Тогаш Јелена имала само 8 години.
Оттогаш таа не се одвојува од камерите.
На овој или оној начин, Јелена е присутна во медиумите.
После Наше маало започнала да пее и во хорот на Златно славејче, а паралелно се занимавала и со манекенство.
Откако совладала сѐ што е поврзано со манекенството, одлучила знаењето да го примени на пистите и така започнала со професионални ангажмани.
Денес Јелена јс гледаме скоро секој ден камо водителка на емисијата Магазин”, која се емитува секој денна Сител телевизија.
Водителството е нејзина нова љубов и одлично ѝ прилега.
Секогаш одмерена, отмена средена од глава до пети, а воедно и насмеана, се чини како да Јелена својата работа ја извршува со леснотија.
Прво популарност стекна како водителка на вестите во Фчерашни новости. Со нејзиниот шарм и хумор веднаш ја освои публиката.
Јелена Богојевиќ покрај тоа што има дипломирано на факултетот за новинарство таа е и магистар по меѓународно право и односи и право на ЕУ.
Како предност во нејзината професија го издвојува тоа што е во контакт со различни луѓе, а како мана секако стресот, особено кога се брза и се има рок за да се исполнат некакви обврски.
– Најубавите нешта што се случуваат поврзани со работата се позитивните ефекти врз јавноста, кога знам дека добро сум ја завршила работата и луѓето го гледаат и ценат тоа, кога до нив допира искреноста и вложениот труд. Особено се радувам и кога децата ме препознаваат и сакаат да се дружат со мене, нивните насмевки ми го разубавуваат денот, кажа Јелена во интервју за Гламур.
Иако рерко јавно збпрува за својот приватен живот, Јелена често споделува фотографии од неа и нејзиниот вереник Срѓан Спасиќ, на кои изгледаат вљубено како првиот ден.
-Ќе те изберам, во сто живот, во сто светови, во секоја реалност, ќе те најдам и ќе те изберам, напиша Јелена на фотографијата на која тие страсно се бакнуваат.
Јелена ретко прави промени на својот изглед, но сега се одлучи за мала промена која мора да се признае дека одлично ѝ прилега.
Водителката ишиша шишки ималку ја скрати долгата црна коса по која е препознатлива, па веднаш доби комплименти за изгледот.
Како ви се допаѓа повеќе?
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ
ФОТО: Инстаграм / Јелена Богојевиќ