Еве како изгледаат најважните дами во животот на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов
Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов модно усогласен со неговата мајка и сестра
Градоначалникот на Струмица со двете најважни дами во својот живот се појави на настан.
Костадин Костадинов е еден од ретките политичари во земјава, кои се трудат на социјалните мрежи да пренесат дел од своето секојдневие, за публиката да види што прави во текот на денот.
ФОТО: Инстаграм / Костадин Костадинов
Природата на неговата професија налага средби и со граѓаните, но и со важни личности од различни професии.
Најголема поддршка во сѐ му е неговото семејство, неговата сестра и неговата мајка.
ФОТО: Инстаграм / Костадин Костадинов
На нивните социјални мрежи може да се забележат многу нивни заеднички фотографии.
За жал, неговиот татко повеќе не е меѓу живите, а Костадин се труди секој слободен момент да го помине со мајка му и сестра му.
ФОТО: Инстаграм / Костадин Костадинов
И двете се успешни во своите професии, а воедно и дами со стил.
„Јас сум среќен и горд благодарен на Бога човек што имам сестра како мојата Тања Милушева Костадинова.
Жена борец, жена спремна да одговори на предизвици од кои многу мажи би побегнале“, напиша Костадинов за својата сестра.
7
ФОТО: Инстаграм / Костадин Костадинов
Семејството неодамна присуствуваше и на моден настан кога тројцaта се појавија модно усогласени во црна боја.
Сестрата и мајката на Костадинов изгледаа како излезени од модно списание.