Еве како изгледаат денес ќерките на легендата Дарко Панчев и Маја Гроздановска Панчева и што велат тие за своите родители

Во ова семејство се почитува македонската традиција и се негуваат вистинските вредности.
Маја и Дарко се долги години во брак, а нивната љубов уште од самиот почеток е под будното око на публиката, која сака да знае во секој момент што се случува со нив.
Иако и двајцата се повлекоа од естрадата и живеат мирно далеку од објективите на фоторепортерите, сепак се вечна тема во медиумите и нивната популарност не спласнува.

Маја вели тајна за успешен брак на постои, но со сигурност меѓу паровите треба да има разбирање, љубов и поддршка. Тоа што се и двајцата јавни личности си носи свој товар, но успешно се снаоѓаат досега.
Тие не се многу активни на социјалните мрежи, но понекогаш знаат да споделат фотографии или видеа од убавите моменти, дружби и средби.

Круна на љубовта на Маја и Дарко се нивните две ќерки.
Надица и Марија се најголемата радост во семејството и секогаш целиот фокус е свртен само кон нив.
Според фотографиите објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека и двете девојки пораснаа во вистински убавици. На камерите се навикнати уште од мали нозе, затоа што поради професиите на нивните родители секогаш биле изложени пред фото објективите.

„Ние сме прегорди бидејќи никогаш не би посакала подобри родители, тие секогаш нѐ учат на најдоброто, секогаш ни го посакуваат најубавото и секогаш сакаат да постигнеме сѐ најдобро во животот. Ние многу ги сакаме”, кажа нивната помала ќерка Марија пред камерите на естрадниот магазин Бекстејџ, на што се надоврза и постарата, Надица:

„Горди сме што ги имаме нив за родители, бидејќи постојано нѐ насочуваат на правиот пат во животот, за сѐ можеме да разговараме со нив и мислам дека секогаш ќе останат такви”, кажа Надица.
Тие открија и детали за тоа како изгледало нивното детство и што им останало во сеќавање од тоа време.

„Повеќето време го поминувавме со нашите роднини, секогаш бевме со нив, сме правеле забави, сме си играле сите заедно и секогаш ни било презабавно.
Секој момент од детството беше искрено скапоцен”, кажаа двете сестри.
Марија истакна дека додека растела постоеле луѓе кои на некој начин се обидувале да ја саботираат само поради тоа што е дете на познати личности, но дека е среќна што е опкружена со пријатели кои ја почитуваат поради тоа што е, а не поради популарноста на нејзините родители.

„Имало такви што ме гледале од друга страна, дека јас сум ќерка на познати родители и не ме почитувале баш. Но, мило ми е што сум нашла другари и другарки што ме почитуваат како нормална личност и секогаш сум останувала со нив, Марија.
Тие што не ме гледаат како нормална личност тоа е нивно мислење, тоа мене не ми смета”, кажа Марија.

Нејзината сестра Надица имала слично искуство и додадек дека е среќна што нашла пријатели од детството со кои до ден дендс уште се дружи и излегува и на кои може да се потпре.
Да се биде дете на познати личности значи да се биде дел од јавниот свет можеби и без своја волја. Популарноста на родителите обично преминува и кај нивните наследници, а публиката секогаш е заинтересирана и за децата на јавните личности, без оглед дали тие сакаат јавно да се експонираат.

„Голема предност што покрај мама и тато сме имале можност да запознаеме и други ѕвезди. Сме имале интервјуа.
Недостатоци сигурно се тоа што некои луѓе нѐ гледале со други очи”, кажа Надица за Бекстејџ.













