Еве како изгледаа Анастасија и Цеца на свадбата на Катарина Грујиќ – НЕВЕСТАТА во шoк кога ја виде ќерката на Цеца во ова издание
Анастасија и Цеца се појавија на свадбата на познатиот пар
Познатата пејачка Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Губељиќ денес застанаа на лудиот камен.
Тие направија прослава за која очигледно ќе се зборува со денови. На неа беа многу познати лица од јавниот живот, а со својот изглед посебно внимание привлекоа пејачките Анастасија и Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Младата пејачка за оваа пригода одлучи да носи бел фустан со циркони која на сите им изгледаше како венчаница, со што ги изненади сите, а најмногу невестата.
Од друга страна нејзината мајка Светнала Цеца Ражнатовиќ за овој специјален настан одлучи да носи зелен фустан.
Во прашање е фустан со спуштени раменици, а целото издание го зачини со златни високи потпетици.
Инаку, по свадбата Анастасија објави и снимка од Маракана, каде го следеше натпреварот помеѓу Србија и Норвешка.
Имено, нејзиниот избраник Немања Гудељ играше за репрезентацијата, заради што Анастасија мораше да замине порано од свадбата.
Инаку, општо познато е дека свадбите се одлична прилика на изгледот да му се додаде гламур, но тие подразбираат и строги правила. И доколку не сакате невестата да ве осудува и сите да гледаат во вас, секако дека не треба да изберете бела боја, освен во случај да одите на венчавка на поранешна љубов и сакате да и го украдете шоуто на невестата. Токму затоа и Анастасија ги изненади сите кога се појави во ова издание, во кое изгледаше како и самата да посакува да е невеста.
Во продолжение погледнете како изгледаше и раскошната торта, но и неколку идеи што да носите доколку треба да одите на свадба.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Бонус галерија
Што да носите кога одите на свадба
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм