Еве како изгледа сопругот на една од нашите најубави водителки – ретко ги гледаме во вакво издание
Кога е во негово друштво, Елена секогаш е расположена и насмеана...
Водителката Елена Стојановска – Јанковска е во среќен брак со својот сопруг, а круна на нивната љубов е ќерката Илина.
Нејзиниот сопруг ретко се експонира во јавност, но водителката понекогаш знае да изненади и да сподели заедничка фотографија.
Впрочем водителката тоа го направи и неодамна, на својот роденден, кога сподели дел од атмосферата, а фотографијата на кој е со својот сопруг пријатно ги изненади нејзините пријатели и фанови.
Инстаграм/ Елена Стојановска – Јанковска
И како што самата откри во една пригода, со сопругот се сретнале на една журка и тоа било љубов на прв поглед.
Инстаграм/ Елена Стојановска – Јанковска
Оваа нивна романтична средба за брзо време прераснала во сериозна врска, а денес круна на нивната љубов е ќерката Илина.
Инстаграм/ Елена Стојановска – Јанковска
Потсетуваме, Елена неодамна наполни 44 години, но со својот младешки дух и убавина изгледа минимум 10-на години помладо.
Инстаграм/ Елена Стојановска – Јанковска
За тоа сведочи и следната фотографија од која може да видиме како изгледала како невеста, но и дека изгледа како воопшто да не се променила. Ниту бременоста, ниту пак годините оставиле некаква трага на неа, пред се кога е физичкиот изглед во прашање, па таа и денес плени каде и да се појави, а важи и за една од најубавите и омилените телевизиски водителки на нашите мали екрани.