Еве како изгледа сега нашата позната водителка откако ги среди забите – перфектна насмевка, Јелена е среќна како никогаш досега!
Познатата водителка скокаше од среќа, па ја откри причината за нејзината среќа.
Шармантна, талентирана и позитивна секојдневно ја гледаме на малите екрани, а покрај тоа и на социјалните мрежи каде е доста актива.
Со мотивациски пораки, патувања, книги и интересни и модерни стајлинзи Јелена Спенџарска секојдневно успева да го задржи вниманието на своите фанови.
На социјалните мрежи речиси секој ден таа со интересни објави покажува како поминува нејзиното секојдневие, а сега сподели дека после две години дојде денот да ги извади протезите.
Пресреќна Јелена го покажа крајниот резултат, па додека го снимаше видеото скокаше од среќа.
-Аххххх … од каде да почнам …?
Ај, од пред две години кога прв пат дојдов кај овој човек до мене@mmilosjanackovic по препорака на неговата сестра. Сосема случајно нејзе и се пожалив малку околу забите, имав благо искривување на двојките и никогаш не се смеев онака сигурно и храбро, (а јас сум лик што мноооогу се смее) и таа не ме ни праша, за два дена веќе имав закажано кај Милош! Дојдов божем да ме прегледа, да ми каже мислење и да ви кажам НАААЈИСКРЕНО ни сама не сум свесна како веќе почна со ставање протеза. НЕМАМ ПОЈМА што се случи, луѓе, тој веќе знаеше дека ситуацијата ќе оди на полошо ако не се среди сега. Тој процес не го памтам баш оти толку бев нервозна што ќе имам такво нешто на забите! Јас? На овие години? Секој ден што сум на тв? Абе, умрев од плачење цела една недела, не дека ме болеше нешто туку како можев да се согласам на протеза?!-Ќе плачеш кога ќе ја вадиме, памти што сум ти кажал-ми рече тој ден, а мене ми идеше очи да му извадам од бес ама таа реченица му ја запамтив. Кога се смирив психички доста зборевме за се, ја имав најубавата керамичка протеза RADIANCE која не се ни познаваше и некако забите си се наредија перфектно за многу брзо време, а после го средувавме загризот со носење ластичиња (зашто долната вилица ми беше многу поназад). Да потенцирам дека никогаш не ме остави сама за овие две години и успешно ги трпеше сите мои расположенија и тогаш кога не се трпев ни сама – напиша Јелена па додаде:
-Две години ми поминаа како два дена! Денеска, на вадење, не плачев, туку сум ПРЕсреќна што ја направив НАЈДОБРАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО СЕБЕ, убава и широка насмевка со голема самодоверба! Доста се срамев, доста се криев! Ова сум јас и да не беше Милош можеби уште ќе се смеев со затворена уста. Многу ти се лутев првиот ден , а денес сфаќам дека беше во право за СЕ и колку си значи да се смееш слободно, исто како што ми кажа
Ве охрабрувам сите кои имате сличен или каков било проблем со забите-НЕ ЧЕКАЈТЕ!!! Тоа е вашето лице и вашето здравје! Нема болка, времето брзо ќе летне, а чувството на крај е PRICELESS!!! Не знаете колку ми е убаво во овој момент додека го пишувам ова.
Не чекајте!-напиша Јелена која изгледа преубаво.
Насмеана од шестка до шестка Јелена гордо позираше, а мора да признаеме дека изгледа преубаво.
Сепак она што во последно време паѓа во очи е дека Јелена Спенџарска изгледа поубаво од кога било, а нејзиниот стајлинг беспрекорен.
Таа речиси секој ден споделува што носи, а комбинациите кои ги избира се која од која поубави.
Јелена важи за голем поддржувач на природниот изглед, па неретко преку социјалните мрежи на им порачува на жените да се сакаат онакви какви што се.