ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА САЊА КУЖЕТ ВО ПЕТТИОТ МЕСЕЦ ОД БРЕМЕНОСТА – стомачето во преден план!
Веста дека е бремена ги изненади сите
Водителката веќе нема да ја гледаме во „Ѕвездите на Гранд“
Шармантната Сања Кужет го чека своето трето дете, па во петтиот месец од бременоста замина на породилно отсуство.
Таа повеќе нема да биде дел од „Ѕвездите на Гранд“, а на нејзино место дојде познатата пејачка и водителка Ана Севиќ.
Оваа вест ги растажи фановите на Кужет, но истовремено и ги израдува затоа што нивното омилено лице од малите екрани повторно е во блажена состојба. Убавата водителка деновиве покажа и како изгледа во петтиот месец од бременоста, а фотките веднаш станаа вирални и привлекоа големо внимание.
Инстаграм/ Сања Кужет
Имено, таа објави фотографија од својот дом и покажа како ги минува трудничките денови во прилично опуштено и безгрижно издание.
Што се однесува до нејзиниот стомак, тој веќе се познава, но се уште не е многу голем, а Сања се уште изгледа речиси исто како и додека ја гледавме во „Ѕвездите на Гранд“, посебно што до неодамна редовно тренираше и внимаваше на исхраната.
Инстаграм/ Сања Кужет
Потсетуваме, една од омилените водителки во регионот го очекува своето трето дете, а како што пренесуваат медиумите, носи машко дете.
Инстаграм/ Сања Кужет
Таа е во брак со Немања Живојиновиќ со кого има две деца, додека првото дете, Андрија, и е од првиот брак со Зоран Пипер.
Инстаграм/ Сања Кужет
Водителката во овој брак беше само година дена, но поранешните сопружници останаа во пријателски односи.