Еве како изгледа раскошниот топол дом на Шехерзад и Сулејман– таа е ВИСТИНСКА домаќинка, куќата и е како во бајките!
Тие важат за еден од најпознатите парови во Турција
Турската актерка Бергузар Корел (38) и нејзиниот 12 години постар сопруг и колега, Халит Ергенч (50), во Турција важат за еден од најпознатите актерски парови. Но и покрај големата популарност и големата војска обожаватели, тие сепак успеваат да живеат мирен семеен живот.
Шармантната Бергузар и Халит имаат два сина, а од фотографиите што познатата мама ги објавува на Инстаграм можеме да заклучиме дека токму тие го имаат главниот збор во нивниот семеен дом.
Љубовта меѓу познатите актери се роди во 2006 година за време на снимањето на популарната серија „Илјада и една ноќ“.
Тие тогаш на малите екрани се појавија во улога на љубовен пар, но набргу истата љубовна приказна ја започнаа и во вистинскиот живот. Па така она што своевремено беа Анџелина и Бред во Холивуд, тоа истото би можело да се кажи и за Бергузар и Халит во Турција, но и на Балканот.
На лудиот камен ќе застанат во 2009 година, а набргу ќе се остварат и во улога на родители кога ќе им се роди синот Али.
Али денес има 11 години, но и покрај тоа што се уште е мал, тој и помага на мама во чувањето на неговото братче Хан кое има само осум месеци. Од фотографиите што гордата мама ги објавува, можеме да заклучиме дека живеат мирен и складен семеен живот, но и дека убавата Шехерзад е пожртвувана мајка и одлична домаќинка.
Познатиот пар и покрај бројните гласини за нив во медиумите, се уште се сака како и почетокот на нивната љубов.
Тие уживаат во секој момент што ќе го поминат со своите синови, а како изгледа нивната семејна идила можеме да видиме од неколкуте видеа што Бергузар ги сподели преку Инстаграм со своите пријатели.
Таа покажа како изгледа едно типично утро во нивниот дом, а најмногу привлече внимание со тоа како е уреден истиот.
Имено, во нејзиниот дом преовладуваат пастелните нијанси и дрвото со што местото зрачи со удобност и топлина.
Во кујната се гледаат малите домашни апарати кои им се од големо значење пред се на родителите – како на пример машината за кафе, додека во средишниот дел од дневниот престој се гледа масивна витрина на која се изложени семејни фотографии и разноразни предмети и украси.
И додека актерката го снимаше нивниот домашен миленик, таа го покажа и делот во куќата кој е преполн со играчки, нешто што секако не може да се заобиколи кога е во прашање дом во кој живее семејство со мали деца.
Нејзината кујна изгледа средено и е уредена во ретро стил, а од големите прозори влегува дневна светлина со што местото изгледа уште потопло.
Одлична домаќинка
Познатата турска актерка не крие дека сака раскошна трпеза за појадок. Таа во една пригода сподели фотографија од која може да се види дека на масата има барем три вида на јадења за појадок за семејството, а покрај јајцата на кајгана што ги подготвува секое утро, како задолжителен дел од нивниот појадок ги наведе и здравите печива, овошје и разни видови на сирење, што може да ги видиме и ние.
Инаку, нејзиниот сопруг Халит Ергенч наполни 50 години и тоа непосредно откако го доби својот втор син.
Погледнете дел од нивната семејна идила:
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел
Фото: Инстаграм/ Бергузар Корел