Еве како изгледа мајката на една од нашите најубави телевизиски ВОДИТЕЛКИ – сега е јасно дека Елена е нејзина копија!

Крвта не е вода!

Познатата водителка од Сител телевизија, Елена Стојановска-Јанковска, со својот изглед освојува уште од првиот ден кога се престави во јавноста.
Таа денес важи за една под најубавите жени на нашите мали екрани, а сега реши да открие и од кого ја наследила убавината.
Имено, шармантната водителка на својот профил објави фотографија од својата мајка со емотивна порака на неа.

„Нема никаков повод, не можев да одолеам. Мојата убавица – мама“, напиша Елена врз фотографијата.

Нејзината објава веднаш предизвика воодушевување кај бројните обожаватели и пријатели кои воочија колку Елена личи на својата мајка.
Елена од неа ја наследила убавината, а воедно Стојна отсекогаш била нејзината најголема поддршка во животот.

Инаку, Елена неодамна сподели и една постара фотографија од својата мајка која исто така ги изненади сите.

Водителката за која многумина велат дека има ангелска насмевка, ретко го експонира своето семејство во јавноста.
Но таа и тогаш направи исклучок, а под фотографијата од нејзината мајка напиша емотивна порака.
„Кралице моја најубава, среќен роденден. Фала за сè, од гени до безусловна љубов. Мама“, напиша таа и откри како нејзината мајка изгледала во младоста, и колку таа својот фатален шарм навистина го наследила од неа.

Сличен исклучок Елена направи и за роденденот на својата сестра која исто така е вистинска убавица.

Очигледно гените добро си ја завршиле својата работа…

Во продолжение погледнете уште неколку фотографии на убавата водителка…
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска