Еве како изгледа кога скопјанка ЌЕ ЈА ИСПЕЕ ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ охридски песни и ќе направи лом
Петрушовска искрено за својот последен настап
По настапот на Андријана Петрушовска во „Ѕвездите на Гранд“ следуваше жестока расправа помеѓу нејзиниот ментор и Марија Шерифовиќ.
Имено, Марија беше единствена што не и даде глас на пејачката, па нејзиниот ментор Александар Милиќ Мили беше изреволтиран од тоа и веднаш започна расправа со својата колешка.
Таа најмногу ја критикуваше за песната „Неваљала“ од Цеца, што Андријана ја испеа на свој, оригинален начин.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
По ова пејачката во интервју за Гламур магазин ги сумираше впечатоците и откри дали е разочарана од Шерифовиќ.
Како што самата вели, таа е задоволна како ја расположила публиката со песната, а впрочем и сите што ја гледаа емисијата се сведоци дека направи одлична атмосфера со оваа песна.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа покрај песната од Цеца настапи и со познатата македонска песна „Лихнида кајче веслаше“ со која исто така ги воодушеви сите.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Како што самата изјави за Гламур магазин по настапот во популарното шоу, Андријана за оваа песна чувствувала голема одговорност при изведбата. Нејзина најголема желба била да ја пренесе на својата публика, но и на целиот Балкан на начин на кој таа ја доживува – полна со силни емоции, во што таа навистина и успеа.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„На крајот на денот, најважно е на публиката да и се допадне, што според тоа што го добив како feedback мислам дека успеав и овој пат да ги придобијам срцата на моите Македонци, а пред се со изведбата на ‘Лихнида кајче веслаше’” – изјави Андријана Петрушовска по настапот за Гламур магазин.
Како Андријана звучеше во овој круг, но и како изгледаше во преубавата креација, погледнете во продолжение…