Еве како изгледа жената што му го украде срцето на Дарко – на 3 годишнина од бракот им се роди малиот Матео (фото)
Не постоеше девојче кое не беше заљубено во него.
Македонскиот пејач Дарко Илиевски се одлучи за драстична животна промена. Тој беше многу популарен кон крајот на 90-те години во минатиот век и на почетокот од новиот милениум. Скоро секоја негова песна беше голем хит, а местата на кои настапуваше беа преполни со публика.
„Бори се за неа“, „Да ти биде срам“, и „Едно тело“, неговиот дует со ДНК се песните кои до ден денес се пеат.
Направи и неколку соработки со останатите пејачи во Македонија и сите тие поминаа одлично кај публиката.
Но, човек кога е заљубен е подготвен да направи се за својот партнер, па дури и да ја жртвува својата кариера.
Во 2016 година Дарко се пресели во САД, Флорида, каде што живее неговиот дедо односно татко на неговата сопруга Ивана, која е ќерка на познатиот Ди-џеј Славе Келешовски, кој трипати беше избран за најдобар диџеј во Југославија.
„Кога ќе си ја најдеш љубовта, најдобриот пријател, твојата мотивација… Само ожени се со неа“, напиша тој на Фејсбук над фотографијата од нивната венчавка.
Тој е доста активен на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде споделува фотографии од неговото семејство и убавите моменти.
На неговите фотографии најчесто можат да се видат убави плажи, безгрижен живот и прекрасна природа.
Во Америка работеше како техничар во бродската индустрија, но поради кризата предизвикана од пандемијата на вирусот кopoна остана без работа.
По неколку месеци потрага по нова работа, се вработи како техничар во прехрамбената индустрија.
Неговата сопруга пак, е вработена како асистент менаџер, а како што изјави за „Фокус“, задоволни се од се што досега постигнале. Успеале и да си купат свој дом.
Во 2019 година како плод на љубовта меѓу Дарко и Ивана се роди нивниот син Матео.
Среќната вест пејачот ја објави со фотографија од болницата со сопругата Ивана и новороденото бебенце и го откри неговото име. „8 октомври 2019 е најсреќниот ден во мојот живот! Мојата Кралица ми роди син како најголем поклон за 3 години од нашиот брак. Фала ти сонце мое!!! Драги пријатели се роди Матео“ – стои во описот.
Минатата година, кога Матео наполни една година, Дарко на Фејсбук напиша:
„Лепотанов наполни 1 година! Ти посакувам да имаш многу возбудливи моменти и безгрижно детство! Мама и тато ќе направат сè за тебе“, напиша Дарко.
Пандемијата за него донесе и загуби кои тој тешко ги прифати.
Прво си замина неговата баба Даринка по која го добил и името, а од коронавирус го изгуби животот и неговата вујна Ирена Дојчиновска Милошевска, медицинска сестра од Геронтолошкиот завод „13-ти Ноември“ која беше најмладото медицинско лице кое што ја изгуби битката со опакиот ковид во земјава, на свои 40 години.
Но по тешкиот период деновиве се случи голема среќа во неговото семејство.
Самиот на социјалните мрежи се пофали дека конченои официјално стана државјанин на Америка.
Тој се пофали дека по три години престој во Флорида, конечно добил американско државјанство.
„21.05.2021 е мојот посебен датум! Добив американско државјансво и сега сум официјално американски маж. Пред 3 години го започнав своето ново патување, новиот живот од нула. Новиот живот беше измешан со емоции, многу среќни денови и многу завршени задачи. Сакам сета благодарност да ѝ ја дадам на мојата сопруга, затоа што без неа немаше да направам ништо. Ти благодарам што си посебна и што го донесе Матео во нашиот живот, многу ве сакам! Сакам да им кажам благодарам и на диџеј Крејзи Славе и Лилјана Келешоска што ми беа наша најголема поддршка, бидејќи ме третираа како свој син. И сакам да кажам дека ми недостасуваат мајка ми, татко ми, сесра ми и внукот и моите пријатели, но, се надевам дека наскоро ќе се видиме! На здравје“, напиша познатиот пејач.
Пандемијата за него донела и загуби кои тој тешко ги прифатил.
Прво починала неговата баба Даринка по која го добил и името, а од коронавирус починала и неговата вујна Ирена Дојчиновска Милошевска, медицинска сестра од Геронтолошкиот завод „13-ти Ноември“ која е најмладиот медицинар кој ја изгуби битката со ковидот во земјава, на свои 40 години.
По тешкиот период деновиве се случи голема среќа во неговото семејство.
Самиот на социјалните мрежи се пофали дека конченои официјално стана државјанин на Америка. Тој се пофали дека по три години престој во Флорида, конечно добил американско државјанство.
„21.05.2021 е мојот посебен датум! Добив американско државјансво и сега сум официјално американски маж. Пред 3 години го започнав своето ново патување, новиот живот од нула. Новиот живот беше измешан со емоции, многу среќни денови и многу завршени задачи. Сакам сета благодарност да ѝ ја дадам на мојата сопруга, затоа што без неа немаше да направам ништо. Ти благодарам што си посебна и што го донесе Матео во нашиот живот, многу ве сакам! Сакам да им кажам благодарам и на диџеј Крејзи Славе и Лилјана Келешоска што ми беа наша најголема поддршка, бидејќи ме третираа како свој син. И сакам да кажам дека ми недостасуваат мајка ми, татко ми, сесра ми и внукот и моите пријатели, но, се надевам дека наскоро ќе се видиме! На здравје“, напиша познатиот пејач.
ФОТО: Дарко Илиевски / Инстаграм
ФОТО: Дарко Илиевски / Инстаграм
ФОТО: Дарко Илиевски / Инстаграм
ФОТО: Дарко Илиевски / Инстаграм
ФОТО: Дарко Илиевски / Инстаграм
ФОТО: Дарко Илиевски / Инстаграм
ФОТО: Дарко Илиевски / Инстаграм
ФОТО: Дарко Илиевски / Инстаграм
ФОТО: Дарко Илиевски / Инстаграм
ФОТО: Дарко Илиевски / Инстаграм
ФОТО: Дарко Илиевски / Инстаграм
ФОТО: Дарко Илиевски / Инстаграм
ФОТО: Дарко Илиевски / Инстаграм