Еве како изгледа жена без комплекси – познатата Македонка без шминка и во костим за капење
Пејачката со гордост позираше во ова издание
Познатата пејачка блеска во секое свое издание
Познатата фолк-пејачка Даниела Темелковска важи за една од најелегантните и најубавите дами меѓу познатите Македонки.
Таа плени каде и да се појави, без разлика дали е во своите свечени тоалети или во опуштено секојдневно издание.
Русокосата убавица едноставно зрачи со својот шарм и самодоверба, а оние што ја познаваат за неа велат дека е една од најфините и најскромните познати личности што ги сретнале во животот.
Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска
Секогаш пријателски расположена таа е во одличен однос со сите свои колеги и колешки и за никого никогаш нема кажано лош збор.
Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска
Кога е пред камери таа е средена од глава до пети, а за нејзиниот стил најчесто се грижи нејзината родена сестра која е дизајнерка.
Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска
Но Даниела нема никаков проблем со своите фанови да ги сподели и своите потполно природни изданија.
Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска
Впрочем таа та го направи и неодамна кога од своите бројни настапи реши да отпатува на одмор и да си ги наполни батериите, па преку својот Инстаграм сподели неколку моменти од она што и се случува.
Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска
Она што веднаш сите го забележаа е дека пејачката и без грам шминка изгледа неодоливо и дека годините за неа се само бројка.
Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска
Таа зрачи со својата самодоверба, но и со младешки изглед, така што се уште заслужено ја носи титулата дека е една од најубавите дами меѓу познатите Македонки од нашето естрадно небо.
Во тоа можеме да се увериме и од еден од нејзините последни настапи, кога пред публиката се појави во обични тесни фармерки и кошула, и покажа дека и во потполно обично издание знае да заблеска во сиот свој сјај и да го освои вниманието на сите.
Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска
Како оваа самоуверена и шармантна жена изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение: