Познатата пејачка во добро друштво ужива во Турција
Елена Ристеска го живее животот со полни гради. Таа неодамна отпатува во Истанбул, Турција каде го искористи топлото време за да се опушти на преубавите плажи. На својот Инстаграм профил објави фотографија од песочната плажа и на сите им даде до знаење дека ужива во животот со полни гради, а со неа на ова патување и нејзина пријателка.
Елена реши да ги наполни батериите на преубавите турски плажи, а своите обожаватели редовно ги известува за своите активности преку својот профил на социјалните мрежи. На една од последните фотографии од песочната плажа во Истанбул, на која носеше црни бикини, Елена изгледа прекрасно на фотографијата, а во центарот на вниманието е нејзиното убаво лице зачинето со кармин во нежна црвена нијанса и преубави златни обетки.
Елена навистина знае како да ужива во животот. Неодамна се врати од Мајами каде што го снимаше спотот за песната Суперстар, а според фотографиите можеме да видиме дека пости и доста места во Турција.