Еве како изгледа денес поранешниот сопруг на Лила Филиповска – ПОГЛЕДНЕТЕ и каква убавица е неговата сопруга!
Македонскиот пејач се врати во родната земја и го покажа своето семејство.
Орце Димитриевски, македонската публика го запозна како фронтмен во групата Арија, која некаде кон крајот на 90-те беше една од најпопуларните и најангажираните музички групи во Македонија.
Групата работеше со полна пареа, жените ги обожаваа, а нивните песни станаа хитови кои до ден денес се пеат.
Арија ја сочинуваа сериозни и квалитетни музичари.
Орце, кој беше вокалот на групата во тој период беше оженет со популарната водителка Лила Филиповска.
Но, нивната љубов не траеше долго и одлучија на време да се разделат.
Секој од нив тргна на ралични страни и се здоби со огромен успех во професијата.
Орце замина за Холандија и токму во екот на својата популарност тој се откажа од својата кариера.
Тој денес живее и работи во Холандија и нема никаква поврзаност со музиката.
Среќно е вљубен во својата сопруга Билјана и горд татко е на две девојчиња.
Имено тој е ИТ инженер. Во интервју за магазинот Везлика, Орце и неговата сопруга Билјана која е вистинска убавица и е магистер по економски науки рекоа дека ја избрале Холандија како земја во која можат брзо да напредуваат.
Билјана е навистина изгледа фантастично и според нејзината витка линија никој не би рекол дека некогаш родила.
Орце е задоволен од својот живот во Холандија и вели дека морал да се откаже од музиката затоа што никогаш не би го издржал темпото на музичар сега додека е семеен чивек.
Деновиве семејството се врати во родниот крај и имаше добра причина за тоа.
Имено, тие ја крстеа својата втора ќерка Каја, а фотографии семејството сподели и на социјалните мрежи.
Но, тие споделија и негативно искуство и разочарување кое го доживеале со една авионска компанија.
„Драги пријатели, за да избегнеме ова да се случи со некој друг, би сакале да го споделиме нашето искуство со #AustrianAirlines од летот Амстердам – Виена – Скопје.
Денот започна одлично, бевме 3 часа пред летот на аеродромот Шипхол во Амстердам и навреме се качивме на нашиот лет за Виена.
Но, одеднаш беше објавено дека ќе заминеме доцна бидејќи имаше важни луѓе, 14 од нив што требаше да бидат на летот. Доцнењето беше 1 часот и 15 минути поради она што го пропуштивме нашиот лет за поврзување со Скопје, без оглед на уверувањето што сите патници ќе го стасаат навреме на нивните летови за поврзување.
На портата во Виена, која беше затворена пред само 5 минути, тие рекоа дека не можеме да се качиме веќе доцна и „ладнокрвни“ испратија до нивното биро за да ни помогнат да најдеме друг лет. Да, тие имаа друг лет, само 12 часа подоцна. Без хотел, без количка за малечката, ништо не ни понудија.
Кога прашавме како можеше да се случи ова, претставниците на #AustrianAirlines рекоа дека е нивна одлука дали ќе чекаат некои патници што предизвикаа одложување, ништо друго … Ах, да, извинете, заборавив ваучер од 40 евра за ручек, благодарам , каква благодарност.
За нашите деца, особено за нашата 2,5-годишна Каја, ова е таков стрес, цел ден изложена на потенцијална инфекција со вирусот, бидејќи не може да носи маска за лице, се надеваме дека никој нема да се разболи.
И жал ни е за сите луѓе што луѓето останаа „заглавени“ овде на аеродромот во Виена, бидејќи за некои од нив нивните летови се утре …
Едно навистина шока-нтно и стр-ашно искуство, благодарам Аустриан ерлајнс, никогаш повеќе !!“, напишаа тие на Фејсбук.
Повеќе фотографии погледнете во продолжение:
Фото: Фејсбук / Бјанка Каја Билјана Орце
Фото: Фејсбук / Бјанка Каја Билјана Орце
Фото: Фејсбук / Бјанка Каја Билјана Орце
Фото: Фејсбук / Бјанка Каја Билјана Орце
Фото: Фејсбук / Бјанка Каја Билјана Орце
Фото: Фејсбук / Бјанка Каја Билјана Орце
Фото: Фејсбук / Бјанка Каја Билјана Орце
Фото: Фејсбук / Бјанка Каја Билјана Орце
Фото: Фејсбук / Бјанка Каја Билјана Орце
Фото: Фејсбук / Бјанка Каја Билјана Орце