Еве како изгледа денес Нена од Велес позната по МАКЕДОНСКИОТ ХИТ „Стани моме да заиграш“
Еве како изгледа денес Нена од Велес позната по еден од најголемите македонски фолк хитови (фото)
Таа беше една од нашите најпознати фолк-пејачки
Убавата велешанка Нена Дулева своевремено беше една од омилените фолк пејачки и сите и предвидуваа блескава кариера.
Таа својата кариера ја започна како многу мала, кога имала само 14 години. И кога луѓето почнаа да ја забележуваат и нејзината карира тргна по угорна линија, пејачката реши да се повлече – најпрво заради студиите на кои што се запиша, а потоа и заради семејството и децата.
Нена кариерата ја започна како пејачка во групата „Сонце“ во која сонцето беше токму таа, кога имала само 15 години.
Фото: Фејсбук/ Нена Дулева
Нивниот прв настап беше во 1997 година, на Фолк Фест Цветници. Потоа следуваа многу други познати фестивали, како и бројни награди, а на 19-годишна возраст решава да започне своја соло кариера.
Фото: Фејсбук/ Нена Дулева
Но откако ќе се омажи Нена заедно со семејството заминува во Германија каде реши музичката кариера да ја стави на пауза.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, ТВ ИН
Главна причина заради која се повлекува од музиката се нејзините две деца, Јордан и Јана, за кои секогаш зборува со огромна љубов во очите.
Фото: Фејсбук/ Нена Дулева
Но откако дечињата малку пораснаа, Нена реши да и се врати на својата најголема љубов – музиката.
Фото: Фејсбук/ Нена Дулева
И тоа најпрво преку пишување текстови за други наши пејачки и пејачи, а потоа и со настапи и на социјалните мрежи.
Фото: Фејсбук/ Нена Дулева
„Како и секоја жена, се омажив и останав бремена. Додека некои мои колешки кои можеа да пеат додека се бремени, јас пеев до 3 месеци од бременоста и потоа се посветив на моите деца и фамилијата, изјави своевремено Нена.
Фото: Фејсбук/ Нена Дулева
Како Нена изгледаше на почетокот од својата кариера, но и како изгледа денес, погледнете во продолжение: