Еве како изгледа во приватниот живот Бугарката што во „Преспав“ ја глумеше згодната Преслава (фото)
Преслава глумеше во серијата во 2018 и 2019 година
Како денес изгледа една од најпознатите бугарски актерки
Бугарската актерка Јана Маринова (44) нашата публика ја запозна по улогата на Преслава, газдарицата на пансионот „Преспав“ во треттата сезона на истоимената хумористична серија.
Нејзината убавина и сексапил на многумина им останаа во сеќавање, а таа важи за една од најпознатите бугарски актерки.
Во својата кариера има глумено во бројни филмови и серии, а своевремено беше дел и од ријалитито „Сурвајвер“.
Фото: Инстаграм/ Јана Маринова
По улогата во македонската комична серија „Преспав“ таа пред нашата јавност се претстави и со својот филм „Диви и среќни“ каде таа се јавува како продуцент и во главната улога.
Фото: Инстаграм/ Јана Маринова
Филмот беше еден од најгледаните филмови во Бугарија во 2019 година, а како Јана Маринова изгледа денес, погледнете во продолжение…
Потсетуваме, наскоро треба да започне нова сезона на „Преспав“, а во една од епизодите во серијата ќе се појави и познатата македонска водителка Маријана Станојковска на која ова нема да и биде прв пат да биде гостинка во серијата.
Таа повторно ќе се појави во улога на репортерка што ја имаше и во претходните сезони, а неодамна на Инстаграм објави фотографии од студиото за време на снимањето и покажа како изгледаше.
Фото: Инстаграм/ Јана Маринова
Освен Марјана која ќе се појави третпат во „Преспав“, од претходните сезони можевме да ги видиме со мини улоги и Лила Филиповска, Тамара Тодевска, Сара Мејс и Катарина Ивановска.
Како изгледаше и Маријана во ова свое актерско издание, погледнете на крајот од галеријата.