Реклама
Наши ѕвезди

Еве како Зорана Јовановиќ ги носи најпознатите трендови

Реклама

Ново шик издание на најпознатата блогерка во регионот

Модната блогерка Зорана Јовановиќ Зораннах на настапот на Јелена Карлеуша во Белград се појави во одлично издание.

Маркетинг

Таа за оваа пригода носеше „мал црн фустан“ во „слип“ варијанта и со долги ракави, а целото издание го зачини со модни додатоци по кои ова лето полуде целиот свет – „XXL“ венче за коса и „Жакмус“ (Jacquemus) микро чанта која се носи со ремен врзан за половината.

Маркетинг

И покрај тоа што можеби е непрактична, малата чантичка изгледа неодоливо и го полуде целиот моден свет, а неодамна можевме да видиме како интересна верзија носи и ексцентричната убавица од Барбадос, Ријана.

Но за разлика од Ријана, Зораннах „фураше“ модел во портокалова боја, додека дијадемата, односно „оверсајз“ венче за коса какви девојките одвај дочекаа да се вратат на сцената, беше во розова светкава нијанса.

Покрај ова чизмите од „Долче и Габана“ беа полн погодок. Во продолжение погледнете уште неколку беспрекорни изданија на познатата блогерка…

Фото: Инстаграм/ Zorannah

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button