Познатата манекенка Кристина Димитријевскa неодамна заплови и во музичките води
Откако поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски заплови во музичките води за нејзините гласовни способности не престанува да се зборува на социјалните мрежи. Таа е нова во светот на музиката, но затоа како манекенка е мошне успешна, за што кажува и нејзиниот неодамнешен успех кога ја освои титулата Мис Фотогеничност на „Мис Глоуб“ 2019.
Кристина деновиве на својот Инстаграм профил објави видео од настапот на натпреварот за убавина каде требаше да покаже каков талент има.
https://www.instagram.com/p/B4scR18HcQO/
Таа реши да испее песна, но бидејќи беше болна манекенката не можеше да се претстави во најдобро светло.
Инаку таа заедно со реперот Андреј Миске ја отпеа својата прва песна „Сакам пак“, а како манекенката звучи во спотот погледнете во продолжение.