Реклама
Стил

Еве како Елена од ТВ Сител ги изненади гледачите – ги прекрсти нозете, ваква глетка никој не очекуваше

Преубав црвен фустан, голи нозе и егзотична насмевка

Реклама

Елена Стојановска-Јанковска во едно од најубавите изданија досега

Водителката на „Ја сакам Македонија“ на телевизија Сител важи за едно од омилените лица од нашите мали екрани.

Таа ја воодушевува публиката со својот шарм и скромен стил, но со кој сепак успева да ја истакна својата атрактивна фигура.

Маркетинг

Но овој пат водителката одите чекор подалеку со својот стајлинг и ја покажа и својата храбра и егзотична страна.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Таа позираше во црвен фустан со широко здолниште и длабок шлиц, а во преден план ги истана своите убави нозе.

Кога се појави во ова грациозно издание, сите во студиото гледаа во неа, посебно додека занесно позираше…

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Елена со ова свое издание покажа дека знае да ги избере вистинските парчиња за себе, но и да кокетира со своите фанови.

Следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед и сите се согласни дека изгледа како божица и модна икона.

Таа целото издание го „зачни“ со црвени високи потпетици и убава шминка, но и со заводлив поглед и насмевка што опива.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Елена како балерина

Потсетуваме, Елена деновиве ги изненади сите и со фотографиите на кои позираше како балерина.

Како што самата откри за Гламур магазин, Елена кон крајот на минатата година се запишала на балет за возрасни, а пред неколку месеци професорката на неа и на нејзините колешки со кои што вежба и кажала дека ќе ги подготвува за на сцена во МОБ, па така тие беа дел од претставата „Тајната на кукларот“.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

Еве што изјави Елена за Гламур за овој нејзин проект:

„Балетот ми се случи неочекувано. Сум пробала секаков тип на спорт, па дури и бокс и никаде не сум останала повеќе од два три месеци. Кон крајот на минатата година, бев во некоја фаза во животот во која се ми беше здодевно, немав концентрација па дури ни волја за некакви дружби, излегувања и слично. Случајно го видов огласот за балет за возрасни во Студио Балерина и иако се плашев многу да се јавам, не знам како, се охрабрив“.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

„Таму ме пречека Маја Каревски, наша позната балерина и балетски педагог и веднаш и реков дека најверојатно желбата ќе ми потрае неколку недели затоа што од секој тип на спорт сум се откажала. Таа тогаш ми рече, балетот не е спорт туку уметност и очекувам да останеш со нас. И така, почнав да одам на часови“.

Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска

„Запознав жени, помлади и повозрасни, докторки, менаџерки, програмерки, студентки и иако сите со различни животи и професии почнавме многу убаво да функционираме“.

„Некаде кон април, професорката ни рече дека ќе не подготвуваат за на сцена. Сите бевме исплашени, но и многу возбудени“, ни откри Елена за ова нејзино хоби.

Целото интервју со Елена прочитајте го тука...

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button