Еве како една од најзгодните Македонки ужива во најлуксузните ресторани и барови на Миконос
Ова место е хит и меѓу светските ѕвезди
Оваа жена има неверојатно чувство за мода
Наташа Петровска позната и како Наташа Фигурела по своето студио за убавина воодушевува со секоја своја објава на Инстаграм.
Таа важи за една од најстилизираните жени во Македонија, а нејзините модни комбинации се инспирација за многу дами.
Тоа важи и за нејзините објави од Миконос каде што оваа прекрасна дама ужива, воодушевувајќи ги сите со својот стил.
Инстаграм/ Наташа Фигурела
Таа неодамна позираше во костим за капење, но подеднакво с*кси и провокативно изгледа и во своите летни модни изданија.
Инстаграм/ Наташа Фигурела
Наташа во еден познат бар на ова монденско место каде летуваат бројни светски ѕвезди се појави во кусо бело здолниште и заводлив, потполно отворен горен дел, а воодушеви и со модните додатоци.
Инстаграм/ Наташа Фигурела
Имено, таа целото издание го заокружи со популарните папучи од Хермес кои што се хит во целиот свет, а ги обожава и нашата Лила.
Инстаграм/ Наташа Фигурела
Покрај ова свое издание, оваа згодна Македонка воодушеви и со долгиот бел фустан што го носеше за излегување во еден од најпознатите ресторани на островот. Креацијата што Наташа ја избра за оваа пригода беше со долго, тесно и затворено здолниште, но „деколтето“ беше потполно отворено, со асиметричен крој под кој се гледаше горниот дел од нејзиниот костим за капење.
Инстаграм/ Наташа Фигурела
Наташа изгледаше прекрасно и во останатите свои изданија што ги носеше на ова место и со кои секога ја истакна својата линија.
Инстаграм/ Наташа Фигурела
Нејзините фотографии ги воодушевија нејзините фанови, па следуваа и бројни комплименти на сметка на нејзиниот изглед.