Еве како денес изгледаат актерите од познатата серија – Езел чека БЛИЗНАЦИ, а Џансу убава како и пред 20 и кусур години
Еве како денес изгледаат главните актери од Езел
Џансу Дере која се прослави со улогите во сериите „Сила“ и „Езел“ веќе со години важи за една од најубавите и најпознатите актерки во Турција. Таа кае и да се појави плени со својата витка линија и беспрекорен шарм, а нејзините улоги секогаш го пронаоѓаат патот до срцата на гледачите.
Токму и затоа турските режисери немаат дилема кога ќе им потреба фатална жена за некоја специфична улога, посебно ако сакаат да го привлечат вниманието на милиони гледачи. Таа секогаш им е на прво место, а за нејзиниот талент зборува и успехот на сериите во кои се појавува.
Таа е позната и по серијата „Мајка“, а ја толкуваше и улогата на фаталната Фирузе во серијата „Сулејман Величествениот“.
Покрај нејзините бројни ангажмани како актерка, Џансу се има појавено и како манекенка на ревиите на најпознатите турски дизајнери, а има настапено на неколку модни ревии во Париз, и тоа пред речиси цели две децении.
Таа својата манекенска кариера ја прекина заради снимањето на серијата Езел со која и успеа да се искачи на ѕвезденото небо, а од нејзиниот Инстаграм профил можеме да видиме дека и денес, на свои 40 години, изгледа подеднакво занесно како и на почетокот од својата кариера.
Покрај манекенството таа студираше и археологија на универзитетот во Истанбул, но не успеа да дипломира.
Од друга страна пак, главниот машки лик со кого Џансу глумеше во популарната турска серија „Езел“, Кенан Имирзалиоглу (47), овие денови е во центарот на вниманието затоа што наскоро ќе стане татко на близнаци.
Неговата сопруга Синем Кобал која исто така е актерка, наскоро ќе влезе во четвртиот месец од бременоста.
Езел и неговата тринаесет години помлада сопруга се во брак од 2016 година и веќе имаат една ќерка Лалин.
Познатиот пар ќерката ја доби по четири години брак, а сега очекуваат машки близнаци.
Како изгледа Езел сега, но и неговата убава колешка Џансу, погледнете од фотографиите во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Езел
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере
Фото: Инстаграм/ Џансу Дере