Според директорката за трговија на популарниот сајт за дизајнерска облека „Net-a-Porter“, Лиса Ајкен, еден од најголемите митови во малопродажбата е дека кафеавата боја тешко се продава, а овој мит оваа сезона решија да го разобличат познатите модни куќи како што се „Chloé“, „Fendi“ и „Rochas“.
Имено, тие во нивните есенски колекции имаат преубави модели во кафеави нијанси која дефинитивно ќе биде хит оваа есен, а доколку решите да го пробате овој тренд, еве неколку начини како да го комбинирате.
https://instagram.com/p/BmTlTIdn7ih/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Предимензионирани џемпери
Предимензионираните пуловери се одличен избор за студените есенски и зимски денови, а покрај топлината што ја нудат, изгледаат одлично и со најобични фармерки. Но доколку ги комбинирате со еден розов здолниште како ова од Топшоп и шарена чанта ќе добиете потполно шик издание.
Каде да купите?
Barrie, Matchesfashion.com
Topshop
Boyy, Brownsfashion.com
https://instagram.com/p/BaWhUs8g5KO/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Кафеав сомот
Оваа година сомотот е повторно хит, особено ретро костумите од него. Тие многу лесно се комбинираат, а покрај ролката или кошулата со ефектен дезен и бели чевли кои исто така се хит, ние ви препорачуваме да го пробате овој тренд и со патики кои исто така можат да бидат во бела боја.
Каде да купите?
H&M
H&M
H&M
https://www.instagram.com/p/BjPGG2MF3DH/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Макси здолниште
Кафеавото здолниште во комбинација со бела кошула изгледа елегантно и женствено, а целото издание подигнете го со ефектни модни додатоци.
Каде да купите?
Diane von Furstenberg, Net-a-Porter.com