Еве како да направите вкусен и брз ручек за денес – ОМИЛЕНИОТ РЕЦЕПТ на Ирена Спировска
Еве што обожаваат познатите во кујната
Водителката Ирена Спировска го откри својот омилен рецепт
Секоја домаќинка има свој начин како најчесто подготвува ориз, па така и нашата позната водителка Ирена Спировска.
Таа е позната и како некој што води здрав живот и внимава на исхраната, која од друга страна и е потребна за нејзините активности.
Имено, Ирена е спортски тип на дама и најмногу од сé, кога е спортот во прашање, го сака планинарењето, а неодамна во интервју за Гламур го откри и својот омилен рецепт.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Станува збор за рижото со печурки, а како го подготвува ова јадење и кои состојки ги користи Ирена откри специјално за нашите читатели.
Рецептот е поприлично лесен и јадењето можете да го подготвите многу брзо, а да добиете вкусен и пред се квалитетен и здрав ручек.
Инстаграм/ Ирена Спировска
И како што вели Ирена, најнапред свежите печурки треба да се исецкаат и кратко да се запржат на малку масло во тавче.
Потоа се додава и оризот, а откако ќе се пропржи и оризот се посипува со врела вода во сооднос 3:1, се додава ситно сецкан морков, целер, зачини и по желба се додава и малку сув вргањ за јадењето да добие побогат вкус.
Се става да проврие на тивок оган неколку минути, потоа се трга од огнот и се остава да отстои во покриен сад половина час.
Илустрација (Инстаграм/ Хотел Септембар)
Познатата водителка го обожава ова јадење, посебно што се прави лесно, брзо и е многу вкусно, а како што вели, со него оди и чаша бело вино.
Па, добар апетит на сите…
Целото интервју со Ирена прочитајте го тука...