Еве како Боки 13 ја помина Нова година – ужива во својот раскошен дом, изгледа како друг човек
Боки објави фотографии од својот дом

Еве како Боки си помина за Нова година
Бојан Јовановски попознат како Боки 13 неодамна излезе од заворот Идризово каде што помина четири години.
Откако излезе одвреме-навреме знае да е огласи преку социјалните мрежи, а сега покажа како си помина за Нова година.
Тој позираше во својот дом, покрај новогодишната елка, а во рацете држеше голема перница со Дедо Мраз.
Фото: Фејсбук/ Бојан Јовановски
„Домот е најскапоценото место на светот, Среќна Нова 2024 !!!
Во Новата 2024 ќе ви посакам бесконечна среќа и здравје, многу радости и благосостојба. И верувајте, и верувајте, и силнооо верувајтее и никогаш не се откажувајте од своите цели ма колку и да е тешко и невозможно. Силната верба, искрената желба и позитивната мисла помагаат ! Да сте ми живи и здрави, Среќна Нова година“, напиша Јовановски под фотографиите што ги објави.
Инаку, Боки 13 неодамна откри дека здравјето му е загрозени, бидејќи истана без 90 отсто од стомакот и сега учи да живее со тоа.
Тој и на своето рочиште зборуваше за овој проблем, а како што самиот истакна дека секоја компликација може да му го загрози животот.
Како тој изгледа денес, погледнете во продолжение…