Еве какво чудо се случило на концерт на Марија во Македонија – момче станало од инвалидска количка?!
Мојот син сега е одлично, се спремаме за операција, изјави мајката на момчето што стана од инвалидска количка
Ова не се заборава!
На концертот што Марија Шерифовиќ го имаше во Македонија пред шест години се случи вистинско чудо, пишува „Гранд.онлајн“.
Како што објави овој портал, токму на нејзиниот концерт момчето Јован успеал за прв пат да стане од својата инвалидска количка.
Ова чудо го откри мајката на Јован, Милица, која во знак на благодарност замина во Белград да и донесе икона на пејачката.
Принтскрин/ Гранд.онлајн
Како што изјави мајката пред камерите на „Гранд.онлајн“, нејзиниот син Јован сега е многу подобро и дека го очекува операција со која, како што и кажале докторите, би можел да закрепне 100 отсто.
Како што тврди оваа жена, таа заедно со својот син Јован била на нејзиниот концерт бидејќи и тој ги сакал нејзините песни.
Принтскрин/ Гранд.онлајн
Мајката Милица Чаневски пред камерите на Гранд
Во еден момент момчето само станало од количката за да може подобро да ја види пејачката, а таа била во шок од она што се случило.
Како што појаснува мајката, тоа било прв пат тој да стане од количката и тоа заради љубов и желба да ја види.
Мајката во знак на благодарност потоа дошла во Белград на едно снимање на Ѕвездите на Гранд и на Марија и донесе икона.
Принтскрин/ Гранд.онлајн
На концертот песните на Марија делувале лековито, па мајката сама ја направила од дрво иконата со Свети Василије Острошки, светецот кого пејачката Марија Шерифовиќ го слави како куќна слава.
Како што тогаш откри мајката на детето, нејзиниот син многу ги сака песните на Марија и со нив се биди и си легнува секоја вечер, пишува „Гранд.онлајн“, а радосната вест ја пренесоа речиси сите портали.
Наводно момчето од тој момент засекогаш се решил од инвалидитетот, а мајката тоа нема никогаш да и го заборави на Марија.
Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Мало чудо и во животот на Марија
Потсетуваме, Марија при крајот на минатата година се оствари во улога на мајка, а синот го доби со помош на сурогат мајка од Америка.
Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Како што самата вели, сурогат мајчинството во Америка е вообичаена работа, а нејзиниот процес го следеле најдобрите доктори во САД.
„По некои неуспешни обиди, единствено решение беше тоа“, вели Марија во една пригода за медиумите.
Повеќе за тоа каква мајка е Марија прочитајте тука…