Еве какви нијанси на кармини ќе бидат во мода во следниве месеци – ПОГЛЕДНЕТЕ и како Македонките изгледаат со нив!
Девојки, дали сте подготвени за луксузните темни нијанси?
Припадничките на понежниот пол што сакаат оваа есен да остават подраматичен впечаток и да заблескаат во полн сјај, тоа сега, благодарение на новите трендови во светот на убавината, можат да го направат многу лесно.
Сé што треба да направат е мала промена во нивниот „look“, и со доаѓањето на постудените месеци да изберат потемни бои – ова се однесува како за облеката и обувките, така и за производите што ги користиме за шминкање.
Без разлика дали избирате црвени, виолетови или кафеави нијанси, имајте на ум дека потемните кармини секогаш се вистинскиот избор за овој период од годината. Исто така покрај мат финишот што по некое непишано правило ни се наметнува секоја есенска сезона, потемните кармини во следниве неколку месеци ќе ги носиме и во „glossy“, „ombre“ или „blurred“ верзија, велат „бјути“ гуруата.
Ваквиот изглед може да биде екстра гламурозен, но и по малку готски, па затоа треба да се внимава како се комбинира со останатата шминка. Потемните нијанси на кармини се доволни сами по себе и затоа најдобро е да не се претерува со останатиот „мејк-ап“, советуваат стилистите.
А доколку сакате да му го продолжите траењето, најпрво нацртајте ги усните и пополнете со моливче во иста нијанса.
Во продолжение погледнете неколку потемни кармини за кои сме сигурни дека нема да ве изневерат, но и неколку Инстаграм фотографии на познати дами и инфлуенсерки од Македонија, но и од регионот, кои можат да ви послужат како одлична инспирација за вашиот следен мејк-ап.
Charlotte Tilbury Legendary Queen
Yves Saint Laurent Tatouage Couture Velvet Cream
Lisa Eldridge Myth
Lancome Pigeon Blood Ruby
Shiseido Nocturnal
Бонус галерија
Какви кармини носат нашите познати дами?
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Елена Стефановска
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Антонија Гиговска
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Лина Пејовска
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Андријана Јаневска и Бојана Скендеровски