Еве какви мажи сака Андријана Петрушовска – ќе се изненадите, за пејачката ова е најважно (фото)
Андријана Петрушовска прв пат искрено за љубовта
По големиот концерт во Драчево што помина одлично, Андријана Петрушовска речиси секојдневно изненадува со нешто ново.
Таа во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ го освои третото место, благодарение на гласовите што ги доби од фановите во Македонија, а еден од нејзините настапи ја воодушеви цела нација.
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека таа пред камерите заблеска со Сонцето од Кутлеш и ја воодушеви цела нација, а оттогаш интересот за неа постојано се зголемува.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
И откако концертот што Андријана го одржа во Драчево помина одлично, сега и Мики Секуловски најави спектакл во Велес, на 21 јули, во склоп на Културното лето, а гостинка ќе му биде Андријана.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Покрај Андријана со нив ќе настапи и нивниот колега Омер Џаферовски, но и познатата пејачка Лина Пејовска.
И додека нивните фанови со нетрпение чекаат да дојде овој викенд, за овие наши ѕвезди пишуваат и медиумите во регионот.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Па така откако Мики и Андријана беа гости во популарната емисија „Амиџи-шоу“, заедно со победничката Шејла Зониќ и Јулија Петровиќ, денес и официјалниот портал на „Гранд.онлајн“ објави вест за Андријана, откривајќи детали од нејзиниот емотивен живот, односно дали има момче и дали пејачката моментално е вљубена.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Таа тогаш откри дека сака мажи кои немаат Инстаграм и кои се однесуваат како алфа мажи, но не сакаше да открие дали во моментов има некој таков фраер покрај себе. Таа едноставно не сакаше да открие детали дали некој моментално го поседува клучот од нејзиното срце, иако новинарката беше упорна.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
„Е, тоа сега нема да го откријам“, изјави Андријана, оставајќи простор сите да се посомневаат дека зад кулисите сепак има нешто.
Принтскрин/ Јутјуб, Амиџи-шоу
Но како што вели и самата Андријана, тоа е нејзина приватност и за сега не би сакала тоа да го експонира во медиумите.
„Нема ништо да откривам, но секако нема да се сликам за социјални мрежи. Таму сакам да ја покажам мојата работа, труд и мене, а не било што од приватниот живот“, заклучи тогаш убавата пејачка за „Гранд.онлајн“.