Реклама
Вирално

Еве каква потврда ќе бараат Германците за влез во нивната земја – КОРОНАВИРУСОТ ги смени правилата, ова е поважно од пасошот!

Реклама

Во Германија голем број Македонци живеат и работат за да си обезбедат подобар живот, па вие информации се многу важни за оние кои сакаат да заминат во посета кај своите најблиски.

Или пак оние Македонци кои сакаат да ја напуштат татковината и спасот да го најдат во оваа европска земја која нуди добри можности. Еве што треба задолжително да имате за влез во Германија.

Маркетинг

Сите патници што доаѓаат во Германија ќе треба да покажат доказ за имунитет на „Ковид-19“, без разлика дали се работи за потврда за вакцинација или за антитела, пишува денеска германскиот весник „Шпигел“.

Маркетинг

Најновиот план, содржан во документот на Министерството за здравство, прегледан од весникот, ја одразува зголемената загриженост од германските регионални и национални претставници поради скокот на заразеи во туристичките дестинации, што може да дојде до четврт бран кога Германците ќе се вратат од одмор.

– Нивото на заразеност во Германија во моментов е доста на ниско ниво во споредба со другите земји – се наведува во весникот но се додава дека „зголемената туристичка активност носи голми разици да го смени овој тренд“.

Германија сега бара негативен тест или доказ за имунитет само од оние кои доаѓаат од таканаречените „области со висок ризик“, „области со висока инциденца“ и „области со варијанти на вируси“, кои сега ги вклучуваат Британија, Шпанија и Холандија во Европа.

По првичниот бавен напредок на кампањата за вакцинација, Германија го забрза тој процес, и досега 61,3 проценти од населението примило барем една доза. Бројот на вакцинирани се зголеми откако Германија ги заостри мерките.

За сите невакцинирани патници новите мерки, донесени од германската влада, се задолжителни, сеедно дали во земјата влегуваат со воз, авион или со автомобил.

Оној кој патува за Германија и има најмалку 12 години, од недела (1. август) мора да докаже дали е вакциниран против коронавирус, има ли прележано Ковид-19 или поседува негативен тест.

Одлуката за новите мерки ја донесе германската влада на денешната седница. Заднината е надежта дека во иднина ќе се вакцинираат повеќе луѓе, се вели од Берлин, со оглед на ширењето на Делта варијантата.

-Сите невакцинирани патници кои влегуваат во Германија мора во иднина да се тестираат, сеедно дали доаѓаат со авион, автомобил или воз. Со тоа го редуцираме ризикот за внесување дополнителни инфекции“, објасни сојузниот министер за здравство, Јенс Шпан.

На вакцинираните или оздравените не им е потребен тест, потенцираше Шпан, што значи дека на вакцинираните им се олеснува патувањето. „Вакцинираните си заштедуваат тестирање и во основа не мора да одат во карантин. Летово сите имаат можност да се вакцинираат, имаме доволно вакцини“, рече Шпан.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button